Skip to main content

Автор: инфодеск

Картичка Охриѓанка за купување со попуст за охриѓани

Post Views: 53 Компанијата „Inside“ и познатата фејсбук страница „Охриѓани“  креираа картичка наречена „Охриѓанка“, со која охриѓани ќе можат да купуваат со попусти во објекти кои ќе ја поддржат иницијативата во градот.Секој охриѓанец, кој ќе ја купи картичката, ќе може да ги користи попустите во бутици, туристички агенции, фитнес центри, продавници за обувки, козметички салони, парфимерии, ресторани, кафе барови и други објекти, кои ќе ја поддржат иницијативата. Целта ни е и во текот на зимските месеци да се раздвижи економијата во градот, а на лето кога ќе се зголемат...

Продолжи со читање

Одржан концертот Sound of Egypt

Post Views: 13 Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески, синоќа присуствуваа на годинешниот концерт „Sound of Egypt”.Големо задоволство ми причинува што Охрид беше домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните. Тие се важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а...

Продолжи со читање

Рамадани со груби навреди кон новинарката Додевска

Post Views: 15 Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата Скопје, Север, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк.Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуе новинарката со зборовите Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е...

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнал двајца малолетници

Post Views: 12 На 25.11.2022 во 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Охрид по претходна расправија Д.Р.(46) од Охрид физички нападнал двајца малолетници од Охрид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст

Post Views: 8 Свети Јован Златоуст бил Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса.  Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат,...

Продолжи со читање

Второ издание на Идентитетот е приказна од Иван Антоновски

Post Views: 12 Издавачката куќа „Полица” објави второ издание на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски, најдобриот млад научник во хуманистичките науки во 2021 година, на кого му беше доделено признанието „Успешни млади”. Второто издание на „Идентитетот е приказна” се случува по само месец и половина од објавувањето на првото издание по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, кое веќе се исцрпува по големиот интерес на читателите и одгласите на македонската книжевна наука, а веќе...

Продолжи со читање

Нова дограма во објектот Лихнида

Post Views: 13 Во изминатиот период во објектот „Лихнида“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се работеше на промена на надворешната столарија. Старата и дотраена столарија се замена со нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци.Со овој зафат значително се подобруваат условите за престој на децата. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 451 704 денари, а средствата се обезбедени преку буџетот на Општина Охрид – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Основци во посета на Општина Охрид

Post Views: 21 Учениците од четврто одделение при OОУ „Христо Узунов“, OОУ „Братство Единство“ и ООУ „Ванчо Николески“ денеска беа во посета на Општина Охрид.Градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески и реководителот на Секторот за образование и детска заштита Димитар Спасески ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа и главните општински симболи.Ученичките посети се дел од наставната програма по предметот Општество.

Продолжи со читање