Автор: инфодеск
Post Views: 12 Во тек се градежни работи за изградба на канализациона линија – Крак 3 во општина Вевчани.Со овој инфраструктурен проект општината има за цел целосно заокружување на канализационата мрежа.
Денеска е Свети Јован Милостив
Post Views: 7 Денеска е Свети Јован Милостив, Патријарх Александриски.Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш...
Стендап шоу со Атанас, Тино и Коле
Post Views: 11 Во петок (2-ри декември) со почеток во 20 часот, стендап шоу со Атанас, Тино и Коле во НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид, голема сала. Картата чини 250 денари.Билетите се ограничени! Бидете брзи! Неверојатно шоу со нов материјал! За ваше трајно задоволство и раздвижување на стомачните ќе се погрижат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски и Никола Тодороски – велат организаторите.Шоу кое не смеете да го пропуштите!Билети на касата при Центарот или резервирај на 075 283 066 / 046 261 063.
Британската амбасада со иницијатива Засади дрво за јубилејот
Post Views: 28 На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за да се одбележи 70-от Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Северна Македонија.Засадивме повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини...
Есеистиката на Стефановски ги обедини македонистите од Љубљана, Загреб и Скопје
Post Views: 11 Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје. На настанот којшто денес, по повод 70 години од раѓањето на Стефановски, хибридно – со физичко и виртуелно присуство се одржа на Одделот за славистика при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, покрај словенечките студенти се приклучија и студенти од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.Покрај нив, на настанот учествуваа и...
Стружани повторно пијат заматена вода
Post Views: 12 Водата во Струга повторно заматена. Стружани се жалат, велат плаќаат сметки, но или немаат вода или таа е загадена па стравуваат да ја користат. Проблемот се провлекува години наназад, при секој дожд водата од градскиот водовод е обоена.Граѓаните се жалат во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница.Заматена е не се пие воопшто. Се плашиме и купуваме, но во оваа криза не се излегува на крај и со купување вода, а и плаќаме фактурите се многу високи – вели еден стружанец.Тоа е поради...
Предисторијата на Балканот
Post Views: 13 Од утре до недела во Охрид ќе се одржи Меѓународната конференција „Предисторијата на Балканот“. Ова ќе биде финален настан од проектот на Центарот за истражување на предисторијата од Скопје, Институтот за археологија од Тирана и Филозофскиот факултет од Белград, кој претставува прва заедничка соработка меѓу македонски, албански и српски археолози.Овогодишното осмо издание на конференцијата се организира во рамки на меѓународниот проект Заедничко културно наследство, на која студенти и стручњаци ќе ги презентираат стекнатите сознанија за време на проектот и...
Се расчистува речното корито на Коселска река
Post Views: 16 По реакцијата на жителите од селото Орман и објавените прилози на ТВМ дека има голема опасност од излевање на реката Коселска, денеска екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Водовод“ започнаа акција за расчистување на речното корито на оваа река.Опасност од излевање на КоселскаОрманци стравуваат од излевање на Коселска рекаАктивностите се одвиваат по налог на Општина Охрид. Проблемот со затрупувањето на речното корито настанува поради одлагање шут и зелен отпад покрај речното корито, каде се создадени депонии на повеќе локации....