Skip to main content

Автор: инфодеск

Реконструкција на игралиштето во Долно Коњско

Post Views: 17 Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско.Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Засадени зимзелени садници во ОЕМУЦ

Post Views: 14 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Денес реализиравме заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ засадувајќи зимзелени декоративни садници и цветен расад од сопствено производство во училишниот двор од оваа образовна установа. Дадовме заеднички придонес во подигнување на еколошката свест за зачувување на здрава животна средина, како и обврска за грижата на околината која не опкружува – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Мултиетнички фестивал Струга 2022

Post Views: 10 На 24-ти ноември 2022г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, со почеток во 12:30 часот, традиционално по дванаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца Струга 2022.Оваа година публиката ќе ја забавуваат : Студиото за танц „БАХ“, КУД „Илинден“ Струга, Кристијан Танески – Kikster, Era & Elsa Sadiku, Andra Alushi, Фолклорна група од ПСУ „Јахја Кемал“, Енес Аго со турска песна, Ивона Тасеска, Art Centar, ќе има и неколку забавни точки во изведба на учениците од средното музичко училиште „Тодор...

Продолжи со читање

Нов асфалт на неколку улици во Долно Лакочереј

Post Views: 15 Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во село Долно Лакочереј.Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1300 м2 – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.Во склоп на годишните програми на Општина Охрид, претходно беа асфалтирани и неколку улици во селото Горно Лакочереј.

Продолжи со читање

Утрово камион пропадна на плоштад Македонија

Post Views: 16 Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред три месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Градски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против приватната фирма чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“....

Продолжи со читање

Падна снег на Маврово и Попова Шапка

Post Views: 10 Прогнозата на УХМР за снег на повисоките планини се оствари.Утрово на планините околу Мавровското Езеро падна првиот снег.Според временската прогноза и денеска се очекуваат повремени врнежи од снег на повисоките планини, претежно во западните делови на Македонија.Снег има и на Попова Шапка.

Продолжи со читање

Охридските бреинобреин генијалци на натпревар во Дубаи

Post Views: 23 Шест деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, ќе учествуваат на 8-от интернационален Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 26.11.2022 во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Предводени од тренерите на БОБ центарот од Охрид и своите родители, децата денес заминуваат за Дубаи.Учеството на охридските Бреинобреин генијалци на овој светски натпревар, заедно со своите врсници од 44 земји од светот, претставува чест за нашиот центар, но и голем предизвик и одлична можност за достојна презентација на...

Продолжи со читање

Невладините обвинуваат за неспроведување на препораките на УНЕСКО

Post Views: 12 Невладините се погласни за неспроведувањето на препораките на УНЕСКО. Од Фронт 21/42 обвинуваат дека интензивната урбанизација на крајбрежието на Охридското Езеро не запира.Според нивните анализи од август 2021 до денес има 53 нови урбанизации во Охрид и Струга. Вкупен број на дозволи за градба во двата градови е 213 и нови 580 изградени станови.Премиерот Ковачевски вели владата го дава максимумот.Јас во рамките на моите надлежности заедно со колегите кои работат го даваме својот максимум но ова е обврска на сите кои што имаат одговорност за...

Продолжи со читање