Автор: инфодеск
Post Views: 22 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(57) од Радовиш и Д.Р.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тие, на 24.06.2022 по текст од интернет портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, постирале коментари со кои ширеле говор на омраза кон одредена група граѓани – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Јавен повик за член во Младинскиот совет
Post Views: 13 Општина Охрид објави Јавен повик за член во Локалниот Младински совет на Општина Охрид.I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗа остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на општина Охрид.Бројот на членови на младинскиот совет на општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40 % припаѓаат на помалку застапениот пол.Членовите на локалниот...
Од петок утрински температури под нулата
Post Views: 17 Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег.Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините.Од петок утринските температури на повеќе места ќе бидат под нула, најавуваат од УХМР.
Снимка од нападот на бугарскиот клуб во Охрид
Post Views: 20 Бугарската телевизија БТВ денеска објави снимки од безбедносните камери во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ на кои се гледа нападот на клубот.Според видеото што го објави телевизијата, тројца мажи со маски на лицата фрлаат со предмети, најверојатно камења, кон клубот, при што се кршат прозорците на објектот.Вчера бугарските медиуми објавија, а СВР Охрид потврди дека прозорците од просториите на клубот „Цар Борис Трети“ се оштетени. Инцидентот се случил ноќта помеѓу 20 и 21 ноември меѓу 1 и 2 часот по полноќ, кога прозорците...
Свикана дваесеттата седница
Post Views: 10 Свикана дваесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 28.11.2022 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕД1. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година.2. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022...
Преподобна Матрона Цариградска Света Петка
Post Views: 32 Блажената Матрона (Матрона Димитријевна Никонова) е родена во 1881 година во селото Себино во Тулската губернија. Нејзините родители , Димитриј и Наталија, беа благочестиви селани, чесни и сиромашни. Во семејството беа четири деца: двајца браќа – Иван и Михајло, и две сестри – Марија и Матрона.Матрона беше најмлада. Кога таа се родила мајка и имала намера некако да се ослободи од неа. За убиство на младенецот во утробата мајчина не смеело да дојде до збор. Затоа постоеле мноштво на прифатилишта, каде што незаконито родените и незгрижени деца се воспитувале со...
Филмот Кајмак повторно пред охриѓани
Post Views: 12 На барање на публиката најновиот филм „Кајмак” на режисер Милчо Манчевски, повторно на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид. Филмот ќе се прикажува во петок на 25-ти ноември со почеток во 20 часот. Картите се по цена од 150 денари.„Кајмак” е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода – информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“...
Вевчани во 100 зелени приказни во светот
Post Views: 17 Општина Вевчани стана дел од престижната листа на најдобрите топ 100 зелени дестинации за 2022 година. Секоја година, натпреварот Top 100 Green Destinations избира одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот за да бидат споделени како инспиративни примери.Избраните дестинации добиваат признание за решенијата што ги имплементирале како одговор на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.Се надевам на крајот ќе бидеме на светска мапа на зелени дестинации, каде што оние туристи кои се заинтересирани за таков вид на туризам...