Skip to main content

Автор: инфодеск

УХМР: До среда ќе се задржи топло време за овој период од годината

Post Views: 156 Наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека до среда ќе се задржи топло време за овој период од годината. Од четврток дневната температура ќе биде во постепено опаѓање, а времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Минималните температури во Охрид од 11, а максималните до 27 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Денес се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“

Post Views: 174 Во манастирот „Света Богородица“ кој се наоѓа во струшкото село Калишта, денес се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“.Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото село Калиште е...

Продолжи со читање

37-ми Охридски староградски средби

Post Views: 76 Заменик градоначалникот, Ана Крстеска, присуствуваше на отворањето на културната манифестација „Охридски староградски средби“ што вчеравечер се одржа во ЦК „Григор Прличев“. Во своето поздравно обраќање, Крстеска истакна: – Ценети организатори на Охридските староградски средби, почитувачи на убавата музика и градскиот мелеос, дами и господа.Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид по 37 пат е домаќин на овој значачаен  културен настан. Преку него патуваме низ времето  кога младите охриѓаники и возрасни госпоѓи уживале во серенадите кои под прозорец...

Продолжи со читање

Во болницата „Свети Еразмо“ успешно изведена хируршка реконструкција на дефект на главата со РММА имплант

Post Views: 173 Од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ информираат дека успешно извршиле хируршка реконструкција на дефект на левата челно-слепоочна регија од главата кај 26-годишен пациент повреден пред 3 години во странство, каде првично му била пружена прва помош која што се состоеше и во отстранување на интракранијално крвавење.-На приемот во нашата болница имаше знаци за инфекција на претходно извршената оперативна интервенеција на главата, по што се донесе одлука за отстранување на коскениот капак за санација на инфекцијата. По...

Продолжи со читање

Означен почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“

Post Views: 346 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес го означи почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“.-Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид. Нашиот град има богата традиција и се гордее со истакнати стрелци кои постигнале забележителни резултати, како на национално, така и на меѓународно ниво. Особено не радува фактот што се појавуваат нови, млади генерации на стрелци, кои се талентирани и амбициозни и од кои очекуваме...

Продолжи со читање

Денес и утре посебен сообраќаен режим па патот кон манастирот во струшко Калишта

Post Views: 191  За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ (Мала Богородица), денес и утре ОВР Струга ќе спроведе посебен сообраќаен режим.Денес, 20-ти септември 2025 година, од 18:00 часот, па се’ до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влезот кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот, а за излез од манастирот кон Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208,...

Продолжи со читање

Сончево со максимални дневни температури до 27 степени Целзиусови

Post Views: 145 Утрото ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Од УХМР информираат дека за време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.Денешните минимални температури во Охрид од 12, а максималните до 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

Post Views: 164 Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Наум Трајчески „ Шарени дијаманти“.Книгата е во издание на Агенцијата за иселеништво а по тој повод на промоцијата присуствуваа директорот на агенцијата Горан Ангелов и Билјана Костова, раководител на секторот за културен развој на иселениците.Директорот Ангелов потсети дека стихозбирката ,,Одминато време“ издадена во 2017 година на Наум Трајчески му го...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци на камп на иновации „Зелена младина – зелен раст“

Post Views: 168 Под мотото „Младите се двигатели на одржливиот развој“ се одржа иновативниот камп кој имаше за цел да ја поттикне креативноста, знаењето и активното учество на младите во создавање решенија за позелена иднина.Кампот беше наменет за млади луѓе со идеи, ентузијазам и желба за позитивни промени. Како што информираат од охридската Гимназија, во текот на неколкудневната програма, учесниците имаа можност да работат во тимови на развој на зелени иновативни проекти, да следат работилници и предавања од експерти за одржлив развој, екологија и претприемништво, да се...

Продолжи со читање

Во недела во Струга ќе се одржи ревија на народни носии „Од ризниците на ансамблите“

Post Views: 211 Во недела, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годинашната Ревија на народни носии насловена „Од ризниците на ансамблите“, а во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.– На сцената во Центарот за култура ќе продефилираат пет реномирани ансамбли, кои во своите депоа чуваат и на сцената користат автентични и оригинални народни носии, вброени во носии од прва категорија, што е голема реткост на македонската фолклорна сцена. Покрај народните носии, публиката ќе има пожност да проследи и сценски настапи на...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето во Љубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”

Post Views: 173 Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во с.Љубаништа и на улиците: „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”.Екипи на ЈП Водовод – Охрид се на терен до целосно завршување со санациите.

Продолжи со читање

Полициска акција во Берово, Пехчево и Делчево

Post Views: 200 Голема полициска акција од синоќа се спроведува во Берово, Пехчево и Делчево. Според некои медиуми се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе полициски службеници, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на Министерството за земјоделие, како и...

Продолжи со читање