Автор: инфодеск
Post Views: 205 Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник...
Денес сончево и ветровито
Post Views: 167 Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h).Во Охрид денес температурите во интервал од 8 до 24 степени Целзиусови.Инаку, од УХМР најавуваат дека утре и во понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Младите во Охрид бараат сигурни работни места, подобри плати и поголема поддршка за развој на сопствен бизнис
Post Views: 318 Во Охрид постои потенцијал кај младите, но недостигаат конкретни програми и системска поддршка за нивен развој. Потребна е стратегија за охрабрување на идните потенцијални претприемачи. Според активистите од една страна младите треба да бидат похрабри, поактивни и погласни во реализација на своите идеи, а институциите од друга страна, да создадат услови за нивен развој и економска независност.„Ќе кажам една метафора за Охрид и младите во Охрид. Има поддршка од аспект дека има сцена, меѓутоа буџет, сценарио и...
Поднесена кривична пријава против жител на Калишта за предизвикување пожар покрај патот Струга–Калишта
Post Views: 248 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.Според информациите од полицијата, на 9 април 2026 година, пријавениот на сопствено земјиште лоцирано покрај регионалниот пат Струга–Калишта запалил сува трева и нискостеблеста вегетација што претходно ја собрал.Набргу потоа, пожарот се проширил кон дрвниот насад со јасика покрај патот.Во пожарот нема повредени лица.
Светската гастрономија се оддалечува од луксузот и се приближува кон природата и традиционалните рецепти
Post Views: 194 Зелената транзиција е иднината на гастрономијата. Локалните производи и традиционалните рецепти се во фокусот на светската кулинарска сцена. Ова е главната порака што познатите шефови им ја пренесоа на студентите и угостителските работници во Охрид.Класичниот концепт на луксуз и Мишелин ѕвезди ги заменуваат традиционални рецепти.-Главната поента на готвењето е да се разбере готвењето, да се земе од на фарма од градина и да се подготви вкусна трпеза која ќе им се допадне на луѓето. Мишелин ѕвездата е како шлаг на торта ако...
Преподобен Теодор Осветен
Post Views: 196 Ученик на свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ѝ се јави, туку се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката не само што не го врати син ѝ дома туку и самата не се врати: го виде во близина женскиот манастир со којшто управуваше...
Денес сончево со мала до умерена локална облачност
Post Views: 201 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Денес во Охрид температурите во интервал од 11 до 22 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека утре ќе се задржи стабилно времето. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Објавена првата епизода на подкастот „Гимназиски муабети“, гостинка директорката Светлана Велкоска
Post Views: 188 Младинската заедница од охридската Гимназија со поддршка од Europe House ја започна реализацијата на новиот подкаст „Гимназиски муабети“, проект создаден од млади и наменет за младите. Во првата епизода гостува директорката Светлана Велкоска, а преку отворен и искрен разговор се обработуваат теми значајни за секој гимназијалец.Подкастот има за цел да отвори простор за дискусија за ученичките права, менталното здравје, образованието, младинското учество и секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите, но и да ги истакне позитивните приказни кои...







