Skip to main content

Автор: инфодеск

Кабаст отпад расфрлан кај Горна Порта

Post Views: 9 Ваква е сликата кај Горна Порта утрово. Од истото место екипите на ЈП Охридски Комуналец подигнаа кабаст отпад и во четвртокот и во саботата, а овие слики се направени само по два дена.Апелираме до граѓаните да бидат совесни и да не депонираат кабаст отпад кај ќе стигнат – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Денеска е Светски ден на телевизијата

Post Views: 21 Одбележувањето на денешниот ден е признавање на улогата на телевизијата во едуцирањето, обезбедувањето информации, промовирањето на слободата на изразување, толеранцијата, отвореноста за изразување на различните култури.Прогласен со резолуција на Обединетите нации1996 година, целта на Светскиот ден на телевизијата е да се зголеми свеста за влијанието што телевизијата го има во градењето ставови кај публиката и улогата во свртувањето на вниманието кон економските, општествените, здравствените и други прашања.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Продолжи со читање

Најмалку 14 загинати во земјотрес во Индонезија

Post Views: 8 Најмалку 14 лица загинаа, a 17 се повредени во земјотресот што утрово ја погоди Џакарта, Индонезија.Десетици згради се оштетени, а жителите на Џакарта во паника по силниот потрес.Агенцијата за метеорологија и геофизика БМКГ утринава соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала неколку секунди ја потресе индонезиската престолнина Џакарта.Во истото соопштение се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Чианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Се додава дека нема потенцијал за цунами.Некои луѓе ги...

Продолжи со читање

Јогуртот Баланс плус се повлекува од пазарот

Post Views: 14 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за...

Продолжи со читање

Продолжуваат активностите за развој на македонистиката во Турција

Post Views: 22 Продолжуваат активностите со кои се вложува во афирмацијата и развојот на македонистиката во Турција. На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX век на Институтот за македонска литература. Предавањето на Ковилоски беше на тема „Ликовите на Итар Пејо и Насредин Оџа...

Продолжи со читање

Вистинска снежна бајка во Хрватска

Post Views: 13 Делови од Хрватска од денеска се прекриени со бела прекривка откако во текот на ноќта падна поголема количина снег. Првиот поголем снег во Хрватска ги израдува тамошните жители, но предизвика голем хаос во сообраќајот.Поради зимските услови и силните ветрови на патните правци низ Лика и Горски котар, се исклучени од сообраќај камионите со приколки на правците Вукова Горица (А1) во правец Ријека/Дубровник и постојката Киковица (А6) во правец кон Загреб.Во текот на ноќта и утрото снег падна и сè уште паѓа во Горски Котар и Лика, а побеле Платак, како и...

Продолжи со читање

Кокаин пронајден кај жител на Албанија

Post Views: 10 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Прењас, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При преглед извршен на 12.04.2022 година во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Стружанец фатен со нелегално уловена јагула

Post Views: 16 На 18.11.20220 година во 22:30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е О.Д.(24) од Струга.При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црн Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула. По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање