Skip to main content

Автор: инфодеск

Физички ја нападнал својата мајка

Post Views: 11 На 17.11.2022 година во 16:25 часот во СВР Охрид пријавено е дека Ф.Р. во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата мајка.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Од патарини наплатени 12 милиони евра

Post Views: 13 Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.ЈПДП во рамки на иницијативата Отворен Балкан е една од институциите што треба да го спроведат заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во државава, во Србија и во...

Продолжи со читање

Изложба Ченто-биографија низ фотографија

Post Views: 9 Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид денеска ќе биде отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија” на Рубинчо Белчески.Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.Преку фотографии е прикажан животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.Авторот Белчески е историчар – кустос советник во НУ...

Продолжи со читање

148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков

Post Views: 17 На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ.Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар“.Умрел во Софија, Бугарија, на 26 јули 1926 година.

Продолжи со читање

Нов дрворед на бул. Македонски Просветители

Post Views: 12 Како дел од проектот за реконструкција на бул „Македонски Просветители“ денеска започнаа работни активности за засадување на новиот дрворед. Согласно проектната документација, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.Претходно, на оваа улица се пристапи кон отстранување на стариот дрворед при што беа отстранети вкупно 76 стари стебла. Согласно Планот за ревегетација, како замена за отстранетите дрвја, Општина Охрид ќе засади вкупно 219 нови садници. Покрај предвидените 96 стебла на бул „Македонски Просветители“ во текот на наредниот период планирано...

Продолжи со читање

Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид

Post Views: 16 Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година....

Продолжи со читање

Балкански економски форум во Скопје

Post Views: 13 Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и со поддршка на Стопанската Комора, Делегацијата на германското стопанство, Сојузот на стопански комори, Western Balkan 6  и Австриската амбасада во земјава, денеска во Скопје се одржува Балкан Економик Форум.На настанот, покрај официјалниот државен врв и претставници од дипломатскиот кор, добредојде на учесниците преку видео пораки ќе им посакаат и потпретседателката на Европската Комисија, Дубравка Шуица и Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.Во фокусот на овогодинешното издание...

Продолжи со читање

Санација на ударни дупки во Вевчани

Post Views: 18 Во текот на вчерашниот ден беше извршена санација на ударни дупки долж улицата „Центар – Вевчански извори”.Со санацијата се опфати површина од околу 160 квадратни метри – информира градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Продолжи со читање