Автор: инфодеск
Post Views: 23 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(48) од Скопје и А.А.(69) од Штип.Тие, по објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Владата со кампања за штедење на струја
Post Views: 14 Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степени, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка – рече портпаролот на...
10 продолжени викенди во 2023
Post Views: 16 Јануари (2 продолжени викенди)Во јануари имаме продолжен викенд за Нова Година. 1 јануари е недела но неработен ќе биде понеделникот, односно 2 јануари.За Божиќ баш немаме среќа бидејќи празникот се паѓа во сабота. Но, Бадник е во петок па ќе имаме еден подолг викенд.Во јануари има уште еден празник, а тоа е Богојавление (Водици) кој се празнува на 19 јануари во четврток.Април (подолг Велигденски одмор и продолжен викенд за Бајрам)Во април оваа година ни е Велигден. Празникот се паѓа на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој...
Се асфалтираат улици во Горно Лакочереј
Post Views: 9 Во селото Горно Лакочереј денес се одвиваат активности за асфалтирање на повеќе локации. Се асфалтира во центарот на целото, околу училиштето и помали улички.Асфалтираната површина е околу 1000 м2. Вкупната должина изнесува 250 метри, а ширината околу 4 метри. Активностите се одвиваат во рамки на тендерот за асфалтирање на улици во рурални средини.
Обука за асистенти на лица со попреченост
Post Views: 12 Црвен крст Охрид во рамки на програмата „Лична асистенција на лица со попреченост“ успешно ја спроведе првата обука за лични асистенти на лица со попреченост.Оваа обука која беше поддржана од Општина Охрид се спроведуваше во изминатите два месеци и истата ја завршија 17 кандидати. Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со основни познавања за видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена, помош на работно место, образовен процес и помош во заедницата на лица со попреченост, како и помош на корисникот во домот и начинот на...
Скопјанец градел на заштитено подрачје во Љубаништа
Post Views: 13 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.Тој, на катастарска парцела во атарот на охридското село Љубаништа, кое е заштитено подрачје, без соодветна документација и без согласност од Националниот парк „Галичица” изградил три објекти цврста градба и еден базен. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид донел решение за отстранување на нелегалните објекти – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Бесправно пресечени букови стебла на Галичица
Post Views: 17 На 15.11.2022 година од 8 до 15:30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршија контроли на шумскиот појас „Мазатар” на планината Галичица.Притоа, во одделот 14 со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.
Свети великомаченик Георгиј Ѓурѓиц
Post Views: 17 Уште еден празник на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби. Востановен е во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.Празникот Св. Георгиј – Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј – Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот односно на 23 април според стариот календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата,...