Автор: инфодеск
Post Views: 38 На 10/11.03.2023 година од 23 до 05 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга- 02, Кичево-02).Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Прилепчанец физички нападнат во Струга
Post Views: 47 На 09.03.2023 година во 15:45 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, Л.А.(20) од Прилеп, физички бил нападнат од С.В. од Струга.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Пронајдена марихуана кај жител на Белчишта
Post Views: 46 На 10.03.2023 година во 15:20 часот, на улицата ,,Партизанска” во Охрид, приведен е Љ.О.(50) од селото Белчишта, општина Дебрца.При преглед во автомобил „Алфа Ромео” со кочански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Охриѓанка загина во сообраќајка кај Горенци
Post Views: 33 На 11.03.2023 во 15:15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот.По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св. Еразмо” каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза”, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт – информираат...
Променливо облачно со слаб локален дожд
Post Views: 33 Променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен.Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Пецаков на средба со словачкиот амбасадор
Post Views: 54 Градоначалникот Кирил Пецаков, вчера одржа работна средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.Договорено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат прецизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август.На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски...
Јавен повик за финансирање на проекти од областа на туризмот
Post Views: 46 Општина Охрид објавува Јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2023 година.Повеќе информации на следниот линк
Ќе се гради ли хотелот во Лагадин?
Post Views: 51 Основата врз која сите градоначалници наназад го поништувале одобрението за градба на хотелот во Лагадин веќе не држи вода и со мериторната одлука на второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски завршува предметот со овој инвеститор, кажа денеска на прес конференција Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.По решението на министерството за транспорт и врски од 1. декември 2022 година кое станува правосилно на 1. март 2023 година со кое се поништува решението на општината за ништовноста на одобрението за градба, без да се врати повторно на...







