Автор: инфодеск
Post Views: 15 На 13.11.2022 во 04:30 часот пријавено е дека на магистрален пат Ресен-Охрид во близина на селото Завој, патнички автомобил „сеат ибица” со ресенски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(22) од Ресен, излетал од патот.Притоа, возачот и сопатникот Е.И.М.(19) од Ресен, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Кристијан Нестороски освои втора награда на Детски Рацинови средби
Post Views: 11 Втора награда на 55. Детски Рацинови Средби, во Велес, освои ученикот Кристијан Нестороски, прва година во ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски, професор по Македонски јазик и литература.Наградата е во категорија ученици од сите средни училишта од Македонија, престижна награда од изворот на љубовта, од врутокот на болката, од силата на избликот наречен Рацинов стих.Исто така заедно со рецитаторот Петар Ѓорѓиев, ученик во втора година, со песната ,,Копачите”, учесници на рецитаторскиот натпревар. Честитки за организаторите...
Меѓународна младинска конференција во Охрид
Post Views: 10 Младинскиот сојуз – Крушево заедно со своите партнери ја најавија Меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ која ги спојува младите од регионот под ставот „Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот“.Конференцијата ќе се одржи во периодот од 13 до 15 ноември во Охрид, а цели да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт.На...
Лакмус натпревар за европски сништа
Post Views: 20 Дали овој состав на Охрид може да сонува настап во европските купови ќе покаже натпреварот во недела против директниот конкурент Алкалоид. Четата на Кирил Лазаров во првиот натпревар победи со 2 гола разлика, но Охриѓани тогаш настапија без Ончев и Шешиќ. Иако Алкалоид е млада екипа во составот имаат голем број репрезентативци на Македонија кои негуваат брз ракомет. На натпреварите шанса добиваат минимум 14 играчи кои го даваат својот максимум во определената минутажа. Домаќините најчесто имаат ротација од 8 ракометари.„Лазаров одлично работи со таа екипа...
Пронајдени три авионски бомби
Post Views: 12 На 10.11.2022 во 14:30 часот, М.Б.(58) од Кичево, во ОВР Кичево пријави дека, при изведување градежни работи на новопроектираниот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Гарски мост”, биле пронајдени три експлозивни направи.Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи извршија увид при што било констатирано е дека станува збор за авионски бомби од Втората светска војна. По насоки од Јавен обвинител местото е обезбедено и преземени се мерки за нивно безбедно отстранување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Малолетник каснат од куче скитник
Post Views: 14 Малолетно лице каснато од куче скитник во Охрид.На 10.11.2022 во 13:15 часот, Т.С.Ј.(37) од Охрид пријави во полициска станица дека нејзиниот малолетен син на улицата „Сирма Војвода” во Охрид, бил каснат од куче скитник, информираат од СВР Охрид.
Се намалува водостојот на Охридското езеро
Post Views: 16 Водостојот на Охридското Езеро се наближува до минимално дозволената кота. Еколозите со години алармираат за штетите од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, но басенот и натаму се користи како хидроакумулација.Познавачите велат драстичните намалувања на водостојот се резултат на лошо управување со езерото и час поскоро треба да се ревидира договорот со Албанија.Котите се определени во 60-тите години од последниот век и тие треба да се ревидираат односно да се ревидира и договорот со Албанија за испуштање на одредена количина на вода за...
Активистите очекуваат нов поразителен извештај од УНЕСКО
Post Views: 17 Активистите очекуваат нов поразителен извештај од Унеско. Наместо да се намалува бројот на дивоградби на брегот на Охридското Езеро расте. Велат, останаа два и пол месеци до истекот на рокот, но нема напредок, локалната и државната власт не ги спроведуваат препораките.Се уште има претерана урбанизација со која се нарушува амбиенталната визура на градот и несоодветна заштита на културното и природното наследство.Тоа се мегаломански апетити на одредени луѓе и да бидам искрен градот Охрид како светско наследство и Р Македонија има интензивно проблем само...