Автор: инфодеск
Post Views: 250 Годинава, традиционално во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта ќе се одбележи големиот христијанскиот празник „Рождество на Пресвета Богородица“.Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. По повод празникот, бродовите „Александрија 1“ и...
Вечерва ќе се одржат 37. Охридски староградски средби
Post Views: 160 Вечерва со почеток во 19 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржат 37. Охридски староградски средби.–Охридски староградски средби 2025, програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.Во рамките на програмата ќе настапат ГМХ„Вокс Лихнидос“ – Охрид, “Вокален Октет” – Прилеп, КУД Нико Пуцоски “Распеани Кичевчани”...
УХМР: Продолжува периодот на сончево време
Post Views: 151 Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Од УХМР велат дека продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.Денешните минимални температури во Охрид од 11, а максимаклните до 27 степени Целзиусови.
Охридската библиотека и Агенцијата за иселеништво потпишаа Меморандум за соработка
Post Views: 153 Вчера, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Христина Трпеска, потпишаа Меморандум за соработка во кој се утврдуваат заеднички активности при промовирање на македонската култура од страна на иселениците, писатели кои творат во средините каде живеат и работат, а се поддржани од двете институции.-Голем број од македонските иселенци потекнуваат од Охридскиот регион, нивна желба е најчесто промоции на книги, фолклорни настапи, театарски претстави, литературни читања, екскурзии и други...
Пецаков најави изградба на атмосферска канализација и асфалтирање на градските гробишта
Post Views: 155 Денес на ЈП “Градски гробишта” беше презентиран проектот кој се однесува на изградба на атмосферска канализација, по што ќе следува и целосно асфалтирање на градските гробишта. Тоа што долго време е проблем тука сега се решава трајно, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Градоначалникот потенцира дека ЈП „Градски гробишта“ изврши набавка на неопходни градежни возила и машини за непречено функционирање и подобрување на условите. Набавени се товарно возило кипер, мултифункционален трактор со приколица и приклучна механизација која ќе...
Министерството за транспорт креира нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура
Post Views: 148 Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот.– Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урбаниот транспорт.-Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за...
Во Охрид ќе се одржи 10-от јубилеен состанок за ретки болести во Југоисточна Европа
Post Views: 278 Oд 2 до 4 октомври 2025 година, во Охрид, ќе се одржи јубилејниот 10-ти состанок на Македонското здружение за ретки болести (10th ANNIVERSARY MEETING OF RARE DISEASES IN SEE).Како што информираат организаторите, состанокот ја одбележува својата десетгодишнина, што претставува важна пресвртница во заедничките напори за подигнување на свеста и подобрување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести во регионот, а на настанот ќе присуствуваат претставници на лекарски здруженија, пациентски организации, експерти и истражувачи од земјите во соседството, но...
Највисоки признанија-трофеи за Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид
Post Views: 179 Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со трофеи на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа во Клотен, Цирих, Швајцарија. Во конкуренција од преку 400 учесници од целиот свет, освоија две први места односно највисоки признанија-трофеи.–Во оваа јубилејна година за Црвен крст Охрид, кога прославуваме 80 години од делувањето на нашата организација, 10 години од Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, следува и одбележувањето на 15-годишниот јубилеј од...
Прекин на водоводната мрежа на дел од 7-ми Ноември”, „Марко Нестороски” и дел од „Туристичка”
Post Views: 137 Од ЈП Водовод информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „7-ми Ноември”, „Марко Нестороски” и дел од Бул. „Туристичка”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Словенија сака да гради втора нуклеарна централа во Кршко заедно со Хрватска
Post Views: 154 Словенија официјално достави понуда до Хрватска за заедничка изградба на втора нуклеарна централа во Кршко, но содржината на предлогот значително отстапува од сегашниот модел за постојната нуклеарна централа, каде што двете земји имаат еднаков удел од 50 проценти.Според хрватските медиуми, Хрватска мора да одговори до крајот на септември или најдоцна почетокот на октомври. Словенечката Влада и понудали само 25 проценти сопственост на Хрватска, пишува Нови лист. Покрај тоа, хрватскиот партнер нема да има право да учествува во донесувањето клучни одлуки....
Денес неколкучасовен прекин во електричната енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица
Post Views: 180 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека поради приклучок на подземен кабел во трафостаница, најавено е дека денес, 18.09.2025 година, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, ќе има прекин на електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица.
Во Охрид денес сончево со слаб до умерен ветер
Post Views: 115 Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).Минималните температури во Охрид од 10, а максималните до 25 степени Целзиусови.Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.