Автор: инфодеск
Views: 263 Од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за управување со електрични тротинети.Според новите законски одредби, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години.Максималната дозволена брзина останува 20 километри на час на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки ограничувањето е 6 километри на час.Возачите на електрични тротинети, при преминување преку коловоз или...
ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање локации за подвижна урбана опрема
Views: 134 ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за издавање простор – локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење.Предмет на огласот се пет локации за станици за подвижна урбана опрема, кои се наоѓаат на улицата „Кеј Македонија“.Локациите ќе се издаваат за периодот од 15 јули до 30 септември 2026 година.Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите заинтересираните субјекти можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП Градски Пазар Охрид или секој работен ден, во периодот од 07:00 до 15:00 часот, во просториите на...
Пијано концерт со Александер Мелников на „Охридско лето“
Views: 188 Руско-Германскиот пијанист Александер Мелников вечерва ќе настапи во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Александер Мелников студиите ги завршува на Московскиот конзерваториум во класата на Лев Наумов, а уште на рана возраст лично го запознава Свјатослав Рихтер кој подоцна редовно го поканува на неговите фестивали во Русија и во Франција.Мелников е добитник на бројни награди и признанија меѓу кои и на Интернационалниот натпревар „Р. Шуман“ во Цвикау (1989) и на престижниот конкурс „Кралица...
Црковно народен собир во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум по повод празникот Положување на ризата на Пресвета Богородица
Views: 200 По повод празникот Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, на 15 јули, Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците да присуствуваат на традиционалниот црковно-народен собир во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум.Според информациите од Епархијата, со Светата архиерејска литургија ќе началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј, кој ќе богослужи и ќе се обрати со празнична беседа пред присутните. Богослужбата ќе започне во 08:45 часот.За сите верници и посетители кои сакаат да присуствуваат...
Амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на Националниот парк Галичица и островот Голем Град
Views: 174 Амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Рафаел Сориано, го посети Националниот парк Галичица, при што беше организирана обиколка на островот Голем Град во Преспанското Езеро.За време на посетата, претставници на Јавната установа Национален парк Галичица ги презентираа природните, културните и историските вредности на островот, како и активностите што се спроведуваат за нивна заштита и зачувување.На средбата било разговарано и за досегашната соработка меѓу Националниот парк и Амбасадата на Кралството Шпанија. Притоа беше потсетено дека пред три години...
Во тек е летната регионална крводарителска акција
Views: 175 Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во тек е Регионалната летна крводарителска акција во организација на Црвен крст Охрид а во рамки на пошироката иницијатива на републичкиот Црвен крст за обезбедување доволни резерви на крв.На акцијата ќе учествуваат крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен, обединети со заедничка цел да се обезбедат доволни резерви на крв за сите на кои им е потребна. Од Црвен крст Охрид ги повикуваат сите здрави лица кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат на оваа хумана...
Привршува реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга
Views: 347 Во завршна фаза е реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга, кој претставува еден од препознатливите објекти на градската архитектура и е заштитено културно добро.Објектот е изграден во 1934 година и има значајна историска и архитектонска вредност, како сведоштво за урбаниот развој на Струга. Со проектот се врши реконструкција на фасадата и кровната конструкција, со цел обезбедување долгорочна заштита и зачувување на неговиот автентичен изглед.За реализација на проектот, Министерството за култура и туризам обезбеди средства во висина од...
Актерот Бајруш Мјаку на „Охридско лето“ одбележа 53 години плодна уметничка кариера
Views: 167 Првата театарска премиера на „Охридско лето“, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ донесе извонредна актерска игра.Претставата е во продукција на „ Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури.Големиот бард во македонското глумиште, Бајруш Мјаку со овој театарски проект го заокружува своето 53-годишно патување во светот на уметноста придружуван од актерите Амернис Нокшиќи, Фисник Зеќири,Сабина Мемиши Асланај,Мелика Кастрати и Флакрон Алији....









