Skip to main content

Автор: инфодеск

Изложба на слики

Одржана изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки

Post Views: 86 Синоќа во изложбениот салон при НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” Охрид, се одржа изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид. Беа изложени слики од: Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошаркоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменска Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска. Со свои музички перформанси настанот го збогатија ученици од Средно музичко училиште ,,Тодор Скалоски Тетоец” од...

Продолжи со читање

Дијализа

Се зголемува бројот на лица со бубрежно заболување

Post Views: 51 Се зголемува бројот на лица со хронично бубрежно заболување, предупредуваат од Центарот за дијализа „Диаверум“ Македонија по повод Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува секој втор четврток во март.Димитар Клисаровски, директор на Центарот за дијализа Диаверум Македонија, посочува дека бројот на пациенти на дијализа во моментот е во пораст за 4% на годишно ниво во „Диаверум“ Македонија, кој тренд веројатно се случува и во останатите центри во државата. Ова не е за изненадување со оглед на тоа што во светски рамки се бележи зголемување на бројот на лица...

Продолжи со читање

Општина Дебрца

Цвеќе за припадничките на понежниот пол во Општина Дебрца

Post Views: 52 Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески на припадничките на понежниот пол од Општина Дебрца, по повод денешниот празник 8-ми март, Меѓународниот ден на жената им подари цвеќе.Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол, од срце Ви го честитам денешниот Ден, 8-ми Март, Денот на кој традиционално изразуваме благодарност и почит кон жените, Денот кој не потсетува на големите и храбри жени кои низ историјата се бореа за рамноправност, а која многу често им била ускратена и одземена. Многу работи цивилизацијата ги измени, многу грешки поправи, меѓутоа...

Продолжи со читање

Дожд

Во петок и сабота врнежи од дожд

Post Views: 56 Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди, информираат од УХМР.Во петок попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.Според прогнозата, утре минималните температури ќе се спуштат до нула степени, а максималните ќе достигнат 20. За време на викендот максималните температури ќе бидат меѓу 15 и 19 степени. 

Продолжи со читање

Трио Џентлмен

Осмомартовско музичко доживување со Трио Џентлмен

Post Views: 39 Бројна публика меѓу која преовладуваа припадничките на понежниот пол вчеравечер го проследи концертот на Трио „Џентлмен“ што се одржа во црквата „Света Софија“ во организација на НУ „Охридско лето“.Триото „Џентлмен“ е формирано по урнекот на светските поп-класични состави од професионалните оперски пејачи, тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимагловски и баритонот  Кристијан Антовски. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, како и...

Продолжи со читање

8 март

Денеска е 8 март, Меѓународен ден на жената

Post Views: 45 Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8-ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна...

Продолжи со читање

Џудо Струга

Интернационален и инклузивен зимски џудо камп во Србија

Post Views: 37 Од 9 до 14 февруари 2023 година во рамки на проектот Џудо за сите (Judo4All) поддржан од Европската Унија, се одржа Зимскиот интернационален и инклузивен џудо камп во Србија, Крагуевац, Равни Гај, чиј домаќин беа партнерите од џудо клубот Макикоми каде присуствуваа учесници од сите земји-партнери на проектот Македонија, Романија и Србија.Како лидери на проектот од џудо клубот Дрим Струга, заедно со партнерите од Порака Нова, Makikomi и Asociatia Judeteana de Judo Mehedinti се приклучија со своите тимови (14 учесници по партнер, од кои 3 лица со интелектуална...

Продолжи со читање

Награди Тоде

Доделени наградите за најдобра песна за деца Тоде

Post Views: 47 Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски, вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа културен настан на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.Организатор на настанот е Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.Во знак на почит, од страна на организаторите беше доделена благодарница на градоначалникот Кирил Пецаков. Благодарницата ја прими заменик градонaчалникот, Перчо Божиновски кој...

Продолжи со читање