Автор: инфодеск
Post Views: 50 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Слаби локални врнежи од дожд ќе има во југозападните и јужните делови од земјата.Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 4 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат во интервал од 5 до 15 степени.Променливото облачно време со повремени сончеви периоди ќе се задржи и утре.
Двојно убиство во Старата скопска чаршија
Post Views: 88 Двојно убиство во синоќешниот вооружен напад во Старата скопска Чаршија, во кафе барот „Шиша бар“. Според информации на Телма двајцата убиени се Јетон Кривањева и Енес Исени кои им подлегнале на повредите на местото на нападот.Телма дознава дека нападот го извршиле неколку вооружени лица неколку минути по 20 часот. Според се уште непотврдени информации за време на престрелката повредени се уште седум други лица, но овие информации се темелат врз база на сведоштва на очевидци.Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од...
Обезбедени средства за санација на колекторскиот систем Охрид-Струга
Post Views: 99 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и в.д. директорот на Јавното Претпријатие Колекторски Систем – Скопје, Владимир Алексијоски, потпишаа Договор за доделување на средства за санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга.За санацијата на Колекторскиот систем, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година се обезбедени средства во вкупна вредност од 40,4 милиони денари, согласно Програмата за колекторски систем Охрид и Струга за 2023 година.Владата на...
Награда за филмот Кајмак во Португалија
Post Views: 36 Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот „Фантаспорто“. Ова беше 43. издание на фестивалот што се одржува во португалскиот град Порто. Како еден од наградените филмови, „Кајмак“ имаше специјална дополнителна проекција на затворањето на „Фантаспорто“.Ова е најнова награда за Манчевски, најтрофејниот македонски режисер, кој има освоено повеќе од 60 меѓународни награди и признанија во досегашната кариера. Меѓу нив се и „Златен лав“ во Венеција, номинација за „Оскар“,...
Од полноќ нови цени на горивата
Post Views: 33 Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.Од 07.03.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра...
Македонски православен свештеник нападнат во Грција
Post Views: 81 Обединета македонска дијаспора (ОМД) реагира на физичкиот напад кон архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишен македонски православен свештеник во Грција од страна на група млади грци.Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози, точно пред понтискиот „Црноморски клуб на Алмопија” во С’ботско/Аридеја. Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот...
Казнети 26 возачи во Охрид
Post Views: 42 На 05.03.2023 година од 12 до 18 часот, спроведени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале 49 возачи на моторни возила кои, ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-26, Кичево-22, Дебар-01). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки
Post Views: 36 На 7-ми Март во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 18 часот, ќе се одржи изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид. Ќе бидат изложени слики од следните сликари: Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошарскоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменска Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска. Изложбата е во организација на Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната...







