Автор: инфодеск
Post Views: 29 Извештајот за природното и културно наследство на Охридскиот Регион, кој владата го достави до Унеско не кореспондира со реалната состојба, реагираат граѓанските организации од Охрид, Струга и Поградец. Извештајот е обичен препис направен и поднесен до УНЕСКО. Многу аспекти од овој извештај не се точни и не ја отсликуваат реалната состојба. Од 19 клучни препораки на Унеско, реализирани се само четири и тоа нецелосно само делумно, велат невладините.Неконтролираната урбанизација е спомната со четири реченици, а тоа е голем проблем кој се случува во...
Утре концерт на Трио Џентлмен во Света Софија
Post Views: 33 Утре, во црквата Света Софија во Охрид со почеток во 19 часот концерт ќе одржи популарното Трио „Џентлмен“, по повод 8 март, Денот на жената, а во организација на НУ „Охридско лето”.Трио „Џентлмен“ е музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција.Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето” нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен...
Скопскиот аеродром добитник на наградата за квалитет на услуги
Post Views: 50 Меѓународниот Аеродром Скопје повторно ја доби Наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality Award), овој пат за изминатата 2022 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World), известуваат од ТАВ Македонија.Реномираната организација, со седиште во Монтреал, Канада, денеска, 6-ти март 2023 година, ги објави аеродромите добитници од сите континенти, региони и држави на светско ниво.Според категоризацијата на ACI за 2022 година, Меѓународниот Аеродром Скопје е награден со ASQ-наградата за...
Се уредуваат тротоарите на главната улица во Горенци
Post Views: 69 Во село Горенци продолжуваат работите на тротоарско уредување на главната улица, во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри.Вкупната вредност на работите изнесува 2.615,598 денари, а средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за развој на селата. Градежните работи ги изведува Проминг ДООЕЛ Струга – информираше градоначалникот Зоран Ногачески.
Врнежите добредојдени за земјоделството
Post Views: 67 Врнежите што ја зафатија земјава се добредојдени за земјоделството. Им годат на културите за пролетното будење, ја надополнуват влагата во почвата и овозможуваат подготовка на површините за садење, велат агрометеоролозите од УХМР.Според нив и во следните денови под влијание на циклонска активност од запад времето се очекува да се задржи променливо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промени. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 на повисоките места до 9...
Објавени списоците на корисниците на финансиска поддршка
Post Views: 39 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година.На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен...
Охриѓанец нападнал 45-годишна сограѓанка
Post Views: 33 На 04.03.2023 година во 23:45 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во својот дом во Охрид, Н.К. физички ја нападнал С.П.(45), двајцата од Охрид.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Утре ќе се додели наградата за најдобра детска песна Тоде
Post Views: 38 Во вторник, 7-ми март со почеток во 13 часот, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ”, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига”, кое се труди преку ваквата востановена манифестација, достојно да му оддаде почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности, посебно во книжевноста за деца.Од...







