Skip to main content

Автор: инфодеск

Тепачка

Охриѓанец физички нападнал двајца сограѓани

Post Views: 37 На 03.03.2022 година во 00:45 часот во СВР Охрид лишен од слобода е В.С.(45) од Охрид.Тој, претходно во стан во Охрид, физички ги нападнал К.С. и В.К.(51), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Мала винарија

Јавен повик за финансиска поддршка на мали производители на вино

Post Views: 55 Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалоци за 2023 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска го објави повикот за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50 000 литри.Крајниот рок за доставување на барањата е 1-ви април годинава, односно 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.Предмет на овој јавен повик е неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за...

Продолжи со читање

Охридско езеро

Викендов облачно со повремени врнежи од дожд

Post Views: 44 Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со над 20 литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7 степени, а максималната од 3 до 11 степени Целзиусови.Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Продолжи со читање

Приведен

Приведен жител на Октиси баран по потерница

Post Views: 32 На 02.03.2023, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го лишија од слобода М.Д.(48) од селото Октиси.Тој беше баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд Струга за издржување на затворска казна од две години по што е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Струга пешачки

Кривична за стружанец поради узурпација на недвижности

Post Views: 43 ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.К.(54) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Тој на катарстарска парцела во Струга во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, поставил обележја и симболи на општина Струга и просторот го адаптирал за паркинг простор – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Настан трска

Финализиран проектот Мапирање и управување со трската во Охридското езеро

Post Views: 66 Со завршниот настан кој се одржа минатата седмица, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид успешно го финализираше проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.На настанот беа сумирани и презентирани постигнатите резултати, како и сите реализирани активности. Во рамки на настанот се одржа и промоција на документарниот филм за трската во Охридското Езеро, изработен во рамки на овој проект.Тимот на РЗЦ Охрид упати огромна благодарност кон сите кои што на било каков начин дале придонес и...

Продолжи со читање

Охрид

Потребно е вложување во еко зелени хотелски капацитети

Post Views: 32 На охридско-струшкото крајбрежје потребни се инвестиции во еко зелени хотелски капацитети. Главната причина е заштитата на животната средина како една од клучните прпепораки на Унеско, но и заштеда на електрична енергија во време на криза.Постоечките хотели треба да ги редизајнираат своите објекти, системите за греење и ладење, за да ги направат еколошки попријатни. Бројот на патници кои избираат да одат на еко патување расте, согласно последните студии, туристите се подготвени да платат и повеќе.Се повеќе и повеќе ќе се случува да создаваме аранжмани по...

Продолжи со читање

Грк Охрид

ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Алкалоид

Post Views: 53 Утре во Охрид нов ракометен спектакл, овој пат помеѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид. И покрај проблемите со повредите на Андоноски, Будрали и Каракоч, охридските гладијатори се подготвуваат да го изненадат скопскиот тим познат по големиот број на македонски репрезентативци предводени од легендарниот Кире Лазаров.И покрај тоа што сите најавуваа дека Охрид нема да го биде, Охрид е одличен за разлика од претходните три години кога играше епизодна улога во плејофот. На добар пат сме, на ниту еден натпревар нема да играме епизодна улога како што покажавме во овие три...

Продолжи со читање