Автор: инфодеск
Post Views: 53 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведување на нова фекална канализација на крак од улицата „Абас Емин“.Линијата е со должина од 115 метри, а вредноста на зафатот изнесува 566 073 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Охридски Комуналец набави булдожер за одржување на депонијата Буково
Post Views: 66 Во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ дејност извршува Одделението „Депонии“ кое ја одржува и оперира депонијата Буково. На депонијата Буково се депонира комунален отпад од домаќинствата и од правни субјекти кој се подигнува од територијата на општина Охрид.Расчистувањето на комуналниот отпад на депонија Буково, негово растурање и набивање односно одржување на депонијата Буково ја врши ЈП „Охридски Комуналец“ со градежна машина – Булдожер, специјално набавен за таа потреба. Во изминатиот период услугата – одржување на депонија ја извршуваа други...
Авион кој летал од Дортмунд за Охрид итно слетал во Венеција
Post Views: 69 Авион од компанијата WizzAir кој лета на релација Дортмунд-Охрид поради итен случај беше пренасочен кон Венеција, дознава 4NEWS.mkАвионот побарал итно слетување во Венеција, но во моментов не е позната причината поради која тоа го побарал.Авионот во моментот додека се наоѓал во воздушниот простор на БИХ, свртел од курсот и се пренасочил кон Венеција.
Продолжуваат врсничките едукации
Post Views: 36 Врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид продолжуваат со спроведување на врснички едукации со цел побрзо исполнување на минимум стандардите и информирање на населението.Минатата недела на 22-ри и 23-ти февруари беа одржани две врснички едукации за превенција од болестите на зависности во основното училиште „Григор Прличев”.На овие едукации околу 50 ученици од деветто одделение беа запознаени со зборот зависност, причините поради кои настанува, штетните ефекти на зависните супстанци, како и начините на третман и спречување на...
Балетската претстава Жизел вечерва во НОБ
Post Views: 42 Романтичниот балет во два чина „Жизел “ од Адолф Адам ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот.Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов е преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска.Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајнот е на Милчо...
Проекција на Кајмак на филмски фестивал во Португалија
Post Views: 38 Филмот „Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски денеска ќе има европска фестивалска премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во португалскиот град Порто.Манчевски досега три пати беше лауреат на Фантаспорто – во 2020 година кога со „Врба“ ја освои наградата „Мануел де Оливеира“ за Најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“, во 2017 со „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма „Недела на режисерите“, а во 2016-та ја доби Наградата за кариера, при што беше организирана и ретроспектива на...
Награда за најдобра необјавена песна за деца Тоде
Post Views: 36 Здружение за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига” ве поканува да присуствувате на културниот настан, доделување на Наградата за наjдобра необјавена песна за деца „Тоде”, што се доделува во чест на охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, Тоде Илиевски.Настанот ќе се одржи на 7 март 2023 година, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 13:00 часот.Овој настан е организиран со поддршка од Општина Охрид.Наградата ја воведовме...
Облачно време со повремени врнежи од дожд
Post Views: 44 Утрово температурите во земјава беа над нулата. Во Охрид и Крушево се регистрирани 3 степени Целзиусови, 4 во Претор, 5 во Берово, Битола, Крива Паланка и Прилеп, 6 во Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец и Дојран, 9 Штип и Гевгелија и 10 степени во Демир Капија.За изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог до 7 часот (во l/m2) е измерен во Пожарање од 10 литри на метар квадратен, следат 6 во Скопје-Петровец и Охрид, 5 Куманово и Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран и Крушево и 2 во Битола и Ѓуриште.Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 12...







