Автор: инфодеск
Post Views: 38 Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа, се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца.На првата форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и дискутираа за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца.На оваа и следните три форумски сесии граѓаните непосредно ќе утврдат проектни идеи/концепти од кои ќе се дефинираат и конкретни предлог...
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ Охрид лаже и ги манипулира охриѓани за цената на водата
Post Views: 55 СДСМ Охрид одеднаш се загрижи за граѓаните откако стана опозиција во градот, а кога ја имаа локалната власт им беа важни само партиските и личните интереси. Очигледно е домаќинското работење и посветената работа на раководството и вработените во ЈП „Водовод“, навремено се исплаќаат платите, редовно се сервисираат потребите на граѓаните и покрај многуте кризи, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.Фактите се дека ЈП „Водовод“ до Регулаторната комисија за енергетика не доставило барање туку информација за вкупните расходи и приходи согласно Закон, а потоа...
СДСМ Охрид : Дали оправданоста на барањето на поскапување на водата ја гледаат во можност парите да се трошат за вработување на нови лица?
Post Views: 31 „Негрижата кон охриѓани од страна на Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ уште еднаш се покажа на дело. Актуелниот директор на ЈП „Водовод“ Охрид, кој своето време и енергија наместо кон пронаоѓање начин за средување на финансиската состојба на претпријатието и 50 % загубата на вода ги троши само за да обезбеди согласности за нови работни места за уште некој од своите сопартијци, без ниту грам морал и без трошка чувство на отчетност кон народот, неспособноста за менаџирање на претпријатието се обиде да ја маскира со барање за поскапување на цената на водата за...
Предавање на тема Остеопенија и остеопороза
Post Views: 51 Во просториите на хотел Гарден, вчера се одржа предавање на тема ,,Остеопенија и остепороза”. Предавач беше доктор Елизабета Димоска Чифлигароска, специјалист по физикална медицина, рехабилитација и супспецијалист ревматолог.Предавањето го организираа Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на...
Распродадена претставата Енергични луѓе
Post Views: 33 Претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски која е закажана за петок (03.03.2023) е распродадена. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид информираат дека претставата ќе биде ставена повторно на репертоарот поради зголемен интерес. Следната изведба е закажана за петок (17.03.2023) со почеток во 20.00 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а...
Инклузивен спорт за лицата со попреченост во Струга
Post Views: 51 Преку спорт и рекреација поголема инклузија на лицата со попреченост од Струга. Спортот и физичкото вежбање не се резервирани само за „здравите” лица. Лицата со инвалидитет, имаат потреба од телесна активност со програмиран напор и правилно дозирани физички оптоварувања.Петнаесеттина лица со посебни потреби три часа неделно имаат спортски активности, тренираат џудо, заедно со професионалните џудисти.Џудото е особено спорт кој буди среќа и насмевки кај сите лица не само кај лицата со попреченост. Туку и кај сите џудисти. Нивната среќа и радост за нас е...
Потпишан договор за реконструкција на Специјалната болница за нефрологија во Струга
Post Views: 42 Ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. За прв пат ќе има поголеми инвестиции за подобрување на условите. Со 24 милиони денари ќе се менуваат подовите, модернизираат операционите сали, дограмата и комплетно ќе се реновира одделот за Холидеј дијализа.Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.Еден објект со високо реноме во минатото заради годините и дотраеноста во некој домен дотрошен за да го одржиме тоа реноме и квалитетот на здравствените услуги кои овде се пружаат да овозможиме...
Се поставува нова канализациона линија на ул. Анастасија Узунова
Post Views: 59 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведување на нова канализациона линија на улицата „Анастасија Узунова“.Должината на новата фекална канализација изнесува 60 метри во вредност од 463 744 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.







