Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес неколкучасовен прекин во електричната енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица

Post Views: 180 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека поради приклучок на подземен кабел во трафостаница, најавено е дека денес, 18.09.2025 година, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, ќе има прекин на електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица.

Продолжи со читање

Во Охрид денес сончево со слаб до умерен ветер

Post Views: 115 Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).Минималните температури во Охрид од 10, а максималните до 25 степени Целзиусови.Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.

Продолжи со читање

Викендов изложба на олдтајмери во Вевчани

Post Views: 211 Викендов на 20 и 21 септември во Вевчани ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓаните на општината тој ден да се воздржат од паркирање на своите возила во...

Продолжи со читање

Охридските стрелци со извонредни резултати на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“

Post Views: 318 На покана на стрелачки клуб ,,Стрелба”од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК ,,Охрид” и ЖСК ,,Лихнидос” настапија на Интернационалниот Турнир ,,THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи се во дисциплините воздушен пиштол и пушка  во возрасни категории од 14,16,18 и 21години, како и во мешани тимови-микс тим односно дует.Во конкуренција на натпреварувачи од повеќе клубови од Бугарија, Молдавија како и нашата земја,  охридските стрелци постигнаа извондредни резултати. На првиот натпреварувачки ден, свои настапи имаа: Кристијан Балоски, Теодора...

Продолжи со читање

Започна серијата од едукативни настани за ученици за Белчишкото блато – идното заштитено подрачје

Post Views: 212 Денес здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид со учениците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Дебрца“ и со поддршка од Општина Дебрца, организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато.-Учениците имаа можност да се запознаат со дел од богатото био-разнообразие на блатото, да идентификуваат растенија и животни, а во вториот дел од настанот го посетија и Музејот на Белчишко Блато во с. Белчишта. Ден исполнет со нови знаења, дружење и љубов кон природата!, велат...

Продолжи со читање

Во петок ќе се одржат 37. Охридски староградски средби

Post Views: 189 Во петок, со почеток во 19 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржат 37. Охридски староградски средби.-Охридски староградски средби 2025, програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.Во рамките на програмата ќе настапат  ГМХ„Вокс Лихнидос“ – Охрид, “Вокален Октет” – Прилеп, КУД Нико Пуцоски “Распеани...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето во Елешец

Post Views: 126 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Елешец.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Албанија го отвори Кластерот 4 – „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ во преговорите за членство во ЕУ

Post Views: 170 По отварањето на преговорите во јули 2022 година, Албаија значително работи на спроведување на реформите кои ги бара Европската Унија. Амбицијата на владата е земјата да стане полноправна членка до 2030 година, но, како што неодамна изјави комесарката за проширување, Марта Кос, таа е оптимистка во врска со членството на земјата до 2029 година.Европската комесарка ги пофали албанските власти за реформите спроведени во последните години, додавајќи дека не е лесно да се отворат кластери, но дека е уште потешко да се затворат поглавјата и дека Албанија мора да...

Продолжи со читање

Охрид се збогува со Д-р Миле Груев, истакнат гинеколог и акушер, предводник во медицината

Post Views: 368 На 85 годишна возраст почина Д-р Миле Груев, истакнат гинеколог и акушер, кој зад себе остави богато наследство на посветеност кон медицината и кон благосостојбата на своите пациенти.Д-р Груев беше визионер и движечка сила зад унапредувањето на општата болница во Охрид, како и на здравствените услуги во поширокиот регион. Со својата исклучителна стручност и посветеност, тој даде значителен придонес во областа на гинекологијата.Д-р Груев беше еден од клучните двигатели на модернизацијата на здравствените услуги во Охрид. Неговото влијание врз медицинската...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди

Post Views: 106 Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Кон крајот на денот облачност ќе се намали, информираат од УХМР.Во Охрид минималните температури од 12, а максималните до 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Холивуд се збогува со златното момче: на 89 годишна возраст почина оскаровецот Роберт Редфорд

Post Views: 175 На 89 годишна возраст почина Роберт Редфорд, славниот актер и режисер.Роберт Редфорд, роден на 18 август 1936 година во Санта Моника, Калифорнија, беше еден од најважните и најразновидните американски филмски уметници од втората половина на 20 век. Тој беше познат како актер, режисер, продуцент и основач на познатиот Филмски фестивал Санденс, а неговата кариера траеше повеќе од шест децении.Тој пораснал во семејство од средната класа – неговиот татко Чарлс бил сметководител, а неговата мајка Марта починала кога Роберт имал 18 години, што оставило длабок...

Продолжи со читање

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда и рекреативен центар за локалната заедница

Post Views: 238 Теренот за голф во Охрид полека но сигурно станува атрактивна туристичка понуда и рекреативен центар за локалната заедница. Крсте Василев иселеник во Канада , по потекло од Битола, секое лето доаѓа на одмор во Охрид. Откако дознал дека се подготвува голф терен постојано следел на интернет до каде е реализацијата и ова лето станал член на голф клубот.Скоро секој ден Василев по неколку саати е на теренот во поранешна касарна. Голфот е игра за луѓе кои сакаат да бидат постојано физички активни без голем стрес за телото и психички опуштени, вели Крсте и...

Продолжи со читање