Автор: инфодеск
Views: 177 Доколку сакате да го намалите нивото на холестерол, важно е да обрнете внимание не само на исхраната, туку и на навиките кои ги имате по вечерата. Тие можат да влијаат врз квалитетот на сонот, физичката активност и изборот на храна во текот на следниот ден, фактори кои имаат значајна улога во зачувувањето на здравјето на срцето.Иако ниту една промена не носи резултати преку ноќ, воведувањето поздрави вечерни рутини, како кратка прошетка по оброкот, избегнување доцни грицки и обезбедување квалитетен сон, може долгорочно да придонесе за подобро кардиоваскуларно...
Свети Бесребреници Козма и Дамјан Римски
Views: 195 Во црковниот календар, светите Козма и Дамјан, односно светите исцелители се празнуваат двапати годишно – на 14 јули кога почина Козма и на 14 ноември, кога почина Дамјан.Лeкари и чудoтвoрци. Oвиe двајца свeтитeли билe браќа пo раѓањe, oд Рим, и какo дeца билe крстeни и вoспитувани вo христијанскиoт дух. Ималe гoлeма благoдат oд Бoга да ги лeкуваат луѓeтo и живoтнитe oд разни бoлeсти и маки, и тoа oбичнo сo пoлагањe на рацeтe. За свoјoт труд нe баралe никаква награда, самo настoјувалe бoлнитe да вeруваат вo Христа Гoспoда. Наслeдувајќи гoлeм имoт, тиe милoстивнo гo...
Сончево со температура до 30 степени
Views: 157 Денеска во Охрид ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.По пријатните утрински 14 степени, во текот на денот максималната температура ќе се искачи до 30 степени.Температурите во Македонија до максимални 36 степени.Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонската и албанската полиција ќе спроведуваат заеднички патроли за превенција од шумски пожари
Views: 192 Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија.На работната средба, како што информираат од МВР, биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на...
Премиерата „Татко“ ја отвора годинешната драмска програма на „Охридско лето“
Views: 200 Драмската програма на „Охридско лето“ започнува вечерва со премиера на театарската претстава „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку.Овој проект, по 25 години ги враќа Поповски и актерот Мјаку во заедничка претстава, по исклучителната „Дневникот на лудиот“ од 2001 година. Покрај Мјаку, во „Татко“ играат и: Амернис Нокшиќ, Фисник...
Од полноќ поскапуваат горивата
Views: 197 Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59%.Цените на бензините се зголемуваат за по 1.5 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 87.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 89.00 денари.Цената на дизелот се зголемува за 5.5 денари и еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 88.00 денари.
ГРК Охрид се раздели со Ориол Реј Моралес
Views: 405 Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид. На барање на шпанскиот ракометар беше активирана излезната клаузула од договорот, по што полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.-Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, – соопштија од ГРК Охрид.Од охридскиот клуб му се заблагодарија за неговиот придонес и посветеност во дресот на ГРК Охрид и му посакаа многу успех во продолжението од кариерата.
Народен театар Охрид со „Парите се отепувачка“ гостува на „Вевчанско лето 2026“
Views: 200 Народен театар Охрид гостува на „Вевчанско лето 2026“ во среда, (15.07.2026 ), со театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со...









