Skip to main content

Автор: инфодеск

Водовод Охрид

ЈП Водовод Охрид : Бислимовски да престане да ја манипулира јавноста

Post Views: 57 Јавното претпријатие „Водовод“ Охрид до Регулаторна комисија за енергетика на РСМ, согласно закон и Бизнис планот, достави информација за вкупните расходи и приходи врз основа на кои се утврдува цената на водата од страна на РКЕ.Бислимовски може добро да провери дека расходите на ЈП „Водовод“ Охрид се единствено зголемени во однос на електричната енергија, додека бројот на вработени во ЈП „Водовод“ Охрид во изминатиот период постојано се намалува. Како и досега, ЈП „Водовод“ Охрид ќе ја почитува секоја одлука за тарифите на вода која ќе ја донесе РКЕ базирана...

Продолжи со читање

Жена

Жената треба да биде вработена

Post Views: 67 Две третини од економски неактивното население во земајва се жени. Ниски 39% од работоспособните жени се вработени. Само 30% од бизнисите се во сопственост на жени. Ваквата статистика ја нагласува потребата од создавање можности и услови за поддршка на економското зајакнување на жените. ТВМ спроведе анкета за тоа како жените од охридско струшкиот регион гледаат на потребата од нивна економска независност.95% од анкетираните сметаат дека жената треба да биде вработена без оглед дали нејзиниот партнер заработува доволно за обезбедување на потребите на...

Продолжи со читање

Сотир Настоски

Стружанецот Сотир Настоски освои сребрен медал на Државно првенство во БЏЏ во САД

Post Views: 48 На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) кое се одржа во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор, но и инструктор по други боречки вештини, го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно).Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД. На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини.Сотир откако го освои сребрениот медал, гордо го развиори македонското знаме.Многу сум среќен за постигнатиот успех и сакам да...

Продолжи со читање

Канти за отпад Дебрца

323 канти за собирање отпад доби ЈКП Дебрца

Post Views: 33 По поднесена апликација од општина Дебрца преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година обезбедени се вкупно 323 канти за собирање на комунален отпад, со запремнина од 240 литри.Ги подобруваме капацитетите на Јавното комунално претпријатие за поефикасно вршење на комуналните услуги. Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие, кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад. И во наредниот период општината ќе...

Продолжи со читање

Булевар Македонски Просветители

Од утре градежни активности на бул. Македонски Просветители

Post Views: 95 Согласно програмите за работа на Општина Охрид, а со цел обезбедување на функционалност на бул. „Македонски Просветители“ утре, 01.03.2023 година (среда) и на 02.03.2023 година (четврток), ќе се изведуваат градежни активности за рехабилитација со асфалтирање на крстосниците на оваа улица со улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“. Поради тоа, на двете крстосници ќе има изменет режим на сообраќај, информираат од Локалната Самоуправа.Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат согласно изменетиот режим на сообраќај и по можност во текот на...

Продолжи со читање

Пожар

Опожарено југо во движење на бул. Туристичка

Post Views: 53 На 27.02.2023 во 12:20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка” во Охрид настанал пожар во патничко возило „југо” со охридски регистарски ознаки, во движење, управувано од С.С.(70) од Пештани.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Судење

(ОБНОВЕНО) Одложено судското рочиште за Пендиков

Post Views: 99 Рочиштето за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид се одложи на барање на адвокатите на обвинетиот. Тие побараа да им бидат доставени сите докази со кои располага Обвинителството по што обвинетиот ќе може да се произнесе за вина. Со ова се согласи судијата Бојан Мартиноски и го закажа следното рочиште за 5 април.Обвинетиот за напад врз Пендиков, Илија Спасески според обвинителството, се товари за дело извршено од омраза поради национална и етничката припадност. Не е точно дека Спасески го нападнал Пендиков по национална...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид

Низа активности за неделата на срцево-садови заболувања

Post Views: 58 Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст на Македонија – Општинска организација Охрид организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.Вчера во просториите на Црвен крст Охрид се организираше едукативно предавање од страна на лекар специјалист интернист, д-р Соња Стурлакова Димовска за корисниците и волонтерите од Програмата – Грижа за стари лица „Најди време” и пензионерите од Здружението на пензионерите на...

Продолжи со читање