Автор: инфодеск
Post Views: 42 Основниот суд во Охрид денеска одлучи да го одложи првото рочиште за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетите за одложување, затоа што во судот не беше пристигнат оштетениот, односно Пендиков.Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето – одговориле обвинителите во предметот.Судот следното рочиште го закажа за 5 април.Од охридското обвинителство изјавија дека се обидуваат да стапат во контакт со...
Се асфалтира улицата Никола Петров Русински
Post Views: 56 Активностите за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид продолжуваат, информира градоначалникот Кирил Пецаков.Од вчера се асфалтира улицата „Никола Петров Русински“.
Се издаваат тезги за продажба на украси и цвеќе
Post Views: 64 По повод празникот 8-ми март, ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар).Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на бул. Туристичка бр.79.Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид. Огласот трае до 02.03.2023 година.
Кривична пријава за жител на Љубаништа
Post Views: 57 СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од селото Љубаништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Национален парк „Галичица”, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица” свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари – информира...
Приведен охриѓанец, пронајдена дрога
Post Views: 42 На 27.02.2023 во 22.00 часот на булевар „Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Д.А.(24) од Охрид.При преглед во патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Психо-социјално советувалиште Збор по збор
Post Views: 42 Современото живеење наметнува динамично темпо на живот, исполнето со обврски и рокови кои бараат целосен ангажман од лицето на секое поле: лично, семејно и професионално, па често доаѓа до конфликти (внатрешни и надворешни) во неможноста подеднакво да се одговори на барањата.Од друга страна, во услови на низок економски, образовен, културен и социјален статус се наметнуваат потешкотии кои произлегуваат од неможноста за задоволување на основните лични потреби и потребите на семејството и стремежот да се следат современите текови на живеење.Со разивањето на...
Романтичниот балет Жизел на репертоарот на НОБ
Post Views: 46 Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20 часот.Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајн: Милчо...
Охриѓанец нападнал сограѓанин во казино
Post Views: 35 На 26.02.2023 година, во СВР Охрид приведен е А.П.(41) од Охрид.Тој, во 23:50 часот во казино лоцирано на булеварот „Македонски просветители”, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз С.Б.(22) од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.







