Автор: инфодеск
Post Views: 42 Во насока на подддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателка на здружението „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид, втора година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти.Градоначалникот Пецаков потенцираше дека само преку заедничка соработка, конкретни мерки и гласно зборување за ретките болести ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците со...
115 години од смртта на Марко Бошнаков
Post Views: 93 Делегации на Општина Охрид и останати институции во градов положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Марко Бошнаков со што се одбележаа 115 години од неговата смрт. Чествувањата продолжија со културно-уметничка програма во спомен куќата на Христо Узунов.Пред присутните меѓу кои беа и членовите од семејството на Бошнаков се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.Денеска одбележувајќи 115 години од смртта на Марко Бошнаков се потсетуваме на неговиот огромен патриотизам, на храброста да се биде дел од малкумината кои вршејќи ги...
Забрана за паркирање на ул. Ѓорче Петров
Post Views: 76 Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ на 28.02.2023 година (вторник) и на 01.03.2023 година (среда) ќе има забрана за паркирање на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.
Сукова ги бара Билјана и Зорица од Охрид
Post Views: 66 Германската актерка Барбара Сукова вчера го доби почесното признание „Белградски победник“ на ФЕСТ, за севкупен придонес на филмската уметност.Таа на 51то издание на фестивалот го претстави филмот „Далиленд“ во режија на Мери Харон, во којшто ја игра Гала, сопругата на познатиот сликар Салвадор Дали кого во филмот го игра Бен Кингсли.На прес конференција, пред доделувањето на наградата, Сукова преку медиумите испрати интересна и невообичаена молба. Таа побара јавноста да и помогне да пронајде две жени од Охрид кои ги запознала пред 60 години.Beograd...
Нова терминална зграда за охридскиот аеродром
Post Views: 80 Изградбата на нова терминална зграда за Аеродромот „Св Апостол Павле“предвидено е да започне оваа година. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вели дека реализацијата на проектот дополнително ќе го зголеми неговиот капацитет и можноста за развој.„Една од најважните политики за Охридскиот аеродром е изградбата на новата Терминална зграда, којашто очекувам да започне во текот на оваа година. Во координација со ТАВ Македонија, ние разговаравме за отпочнување на овој проект, Тие ги подготвуваат нивните проекти и дел од договор којшто го имаат...
Се поставува нова водоводна линија на ул. Пирин Планина
Post Views: 91 Во тек се градежни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Пирин Планина“. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Покрај редовните проверки и теренски активности, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 20-ти до 26-ти февруари, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа...
Се уредуваше јавното зеленило низ Охрид
Post Views: 42 Екипите на Паркови и зеленило деновиве имаа активности за уредување на јавното зеленило низ Охрид.По претходни добиени решенија од локалната самоуправа, екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за кроење на крошни од дрвја во градскиот парк и во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“. Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација со цел крошните да добијат естетски изглед и да не пречат во движењето на пешаците и автомобилите – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Најмладите охриѓанчиња со поддршка за лицата со ретки болести
Post Views: 44 Здружението „Ретко е да си Редок” секоја година го обојува Охрид во боите за поддршка на лицата со ретки болести, за нивно соодветно лекување и вклопување во општеството.Во рамки на годинешните активности за привлекување на вниманието на јавноста на тие лица со ретки заболувања, Културолошка иницијатива „5 до 12“, во соработка со КУД „Ѓердан од Бисери” и МКОЦ „Соната” вчера на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски” во Охрид реализираа културно-забавен настан, на кој поддршка на ретките им дадоа повеќе од 150 деца и нивните родители, како и голем број жители...







