Автор: инфодеск
Post Views: 44 Територијалната противпожарна единица од Охрид вчера интервенираше на два пожари на отворен простор.Според информациите, изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни. Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имало опасност да се загрозат поблиските куќи.Сторителите што ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат! Изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи, кои се...
Денеска започнува Велигденскиот пост
Post Views: 46 Денес, денот по Прочка, или кај народот наречен Чист понеделник, за верниците од Православна вероисповед започнува најстрогиот и најдолд Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден.Велигденскиот пост трае од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Вистинскиот пост започнува со Чист понеделник, денот по Прочка. Но неделата пред Прочка се вика Месопусна недела, народот ја вика и месопусни поклади зашто тогаш се запокладува, (се...
Дојава за бомба во Основниот суд Охрид
Post Views: 71 Утрово дојава за бомба и во Основниот суд Охрид.Денеска во 07:50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Дел од бул. „Македонски просветители“ е затворена за сообраќај и минувачи. Секојдневните дојави за бомби во училиштата и државните институции траат со месеци во...
Нападнат 20-годишен охриѓанец на бул. Туристичка
Post Views: 48 На 26.02.2023 година во 01:45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Д.(31) од Охрид.Тој, претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид, физички го нападнал Е.М.(20) од Охрид и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани, а потоа му одзел пари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Во петок повторно претставата Енергични луѓе
Post Views: 56 Во петок на 3-ти март, поради зголемениот интерес повторно ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски. Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително...
Асфалтиран патот Охрид-Орман кај Алтанин мост
Post Views: 56 Деновиве се одвиваа градежни активности за асфалтирање на патниот правец Охрид – с. Орман кај Алтанин мост.Оваа делница беше оценета од страна на службите како критична и веднаш се пристапи кон санација – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Од понеделник активностите за асфалтирање продолжуваат на улица „Никола Петров Русински” во урбана заедница Воска – Даљан.
Денеска е Прочка-Велики Поклади
Post Views: 117 Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од...
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир на ул. Партизанска
Post Views: 56 На 24.02.2023 година во 09 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Т.(44) од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.







