Skip to main content

Автор: инфодеск

Мотивациска работилница

Мотивациска работилница во Црвен крст Охрид

Post Views: 45 На вчерашниот состанок на Клубот на млади дел од волонтерите имаа можност да учествуваат на мотивациска работилница за волонтери со претседателот и потпретседателот на Црвен крст Охрид.На истата околу 25 млади волонтери имаа можност да разговараат за нивното искуство во рамките на Црвен крст, нивната мотивација, нивните интереси, идеи и желби.Работата со младите отсекогаш бил еден од приоритетите на Црвен крст Охрид, па баш со таа цел вчера и беше одржана оваа активност, за да се слушне мислењето на волонтерите и да се мотивираат и понатаму да бидат...

Продолжи со читање

Саем Белград

Ено-гастро концептот презентиран на саемот за туризам во Белград

Post Views: 43 Рекорден број на коегзибитори ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. На 44. Меѓународен саем за туризам околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко”.Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски оствари состанок со министерот за туризам на Република Бугарија д-р Илин Димитров на која се истакна потребата од поголема промоција на двете дестинации и можноста за зголемување на соработката во туризмот и враќање на туристите помеѓу двете...

Продолжи со читање

Град Охрид

Викендов облачно и ветровито време

Post Views: 40 За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи релативно топло време.Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови, ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.

Продолжи со читање

Фекална канализација во Лешани

Започна изградбата на фекална канализација во Лешани

Post Views: 80 Во Општина Дебрца започна реализацијата на уште еден капитален проект. Изградба на фекална канализација за село Лешани, со пречистителна станица во село Грко Поле – прва фаза.Во оваа фаза ќе се гради уличната мрежа и врската до локацијата на пречистителната станица. Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ, која Владата ја пренамени за инфраструктурни проекти во општините. Изведувач на работите е Илинден АД Струга, а подизведувач ГП Победа Ботун – информира Зоран...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Post Views: 49 Општина Охрид објавува Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви.Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2023 година, во која се предвидени: „Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:– водоинсталатер;– монтер на опрема за греење и ладење;– болничари;– фризери;– кројач на...

Продолжи со читање

Улица Ѓорче Петров

Започна реконструкцијата на ул. Ѓорче Петров

Post Views: 57 Започнува целосна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“. Во текот на вчерашниот ден започнаа активностите за гребење на стариот асфалт.Во рамки на проектот опфатено е поставување на нова водоводна и атмосферска линија, нови торотоарски површини, ново осветлување и поставување на асфалт во должина од 330 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 11 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Музички настан

Културно забавен настан на градскиот плоштад за поддршка на ретките

Post Views: 45 Февруари е месец на ретките болести. Здружението „Ретко е да си Редок” секоја година го обојува Охрид во боите за поддршка на лицата со ретки болести, нивно соодветно лекување и вклопување во општеството.Во соработка со КУД „Гердан од Бисери” и МКОЦ „Соната” ве покануваме на културно-забавен настан со кој ќе го кренеме гласот за лицата со ретки болести. Во недела (26.02.2023) на плоштадот „Св. Климент Охридски” со почеток во 12 часот. Излезете за поддршка на ретките! – велат од Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид.

Продолжи со читање

Дојава за бомба Белград

И денеска закани во училишта за поставена бомба

Post Views: 50 И денеска во претпладневната училишна смена на електронските адреси на некои скопски училишта пристигна мејл со известување дека во објектот е поставен експлозив. Директорите на училиштата во 09.30 часот ја известија полицијата и веднаш пристапиле кон евакуација на учениците и вработените.  Како што завчера ексклузивно објави МКД.мк, Министерството за образование и наука (МОН) до сите директори и градоначалници на општините испрати итен допис во кој препорачува во денови кога учениците се евакуираат поради закани за бомби, да се организира онлајн...

Продолжи со читање