Автор: инфодеск
Post Views: 10 На 26.10.2022 година во 18:55 часот во СВР Охрид пријавено е дека во атарот на селото Издеглавје, општина Дебрца, настанал пожар на нискостеблеста вегетација.Повредени лица нема, а интервенирала Теиторијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.
Денови на македонската култура во Корча
Post Views: 12 Во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана од денеска и во наредните два дена во албанскиот град Корча ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонската култура“.Според програмата, ќе бидат организирани изложби, проекција на филм и музички настап, а ќе биде организирана и промоција на бесплатни курсеви по македонски јазик и литература. За денеска е предвидена промоција на бесплатни курсеви по македонски јазик и литература од Педагошкиот факултет од Битола. Манифестацијата ќе ја отворат амбасадорот Данчо Марковски...
Денеска се празнува Света Петка
Post Views: 15 Според календарот на Македонската православна црква, денес 27 октомври е Преподобна Параскева – Петковден. Во народот позната како света Петка.Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Св. Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.Голем број лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Голем број македонски семејства Петковден го празнуваат како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и...
Пецаков дел од 9-та Дримска конференција
Post Views: 10 Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков присуствуваше на 9-та Дримска конференција која се одржа во Тирана, Албанија.Програмата е од исклучително значење за обезбедување одржливо управување со сливот на Охридското Езеро, како и обезбедување на поголема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен. Се радувам што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и консолидирање на институционалните, политичките и...
Ќе се асфалтира ул. Илија Смически во Лескоец
Post Views: 14 Припремни активности за асфалтирање на дел од улицата „Илија Смически“ во Лескоец започнуваат во текот на вчерашниот ден.Согласно проектот предвидено е да се асфалтираат околу 300 метри со ширина од 3,5 метри, односно асфалтираната површина ќе биде околу 1000 метри квадратни – информира градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.
Ohrid Blue Economy Summit
Post Views: 11 Од 2-ри до 3-ти ноември во Хотел Unique Resort, Охрид ќе се одржи самитот „Ohrid Blue Economy Summit“.„Ohrid Blue Economy Summit“ е фокусиран на сината економија и е прв од ваков вид во регионот кој ќе се осврне на важноста на слатководните корита, фокусирајќи се на специфичните предизвици за одржливост во туризмот, земјоделството, производството и општинските сектори. Потврдени се 100 учесници и спикери од централната и општинската власт, експерти, меѓународни развојни институции и банки, кластер организации специфични за секторот и компании кои промовираат...
СВР реализира едукативен проект во ОЕМУЦ
Post Views: 7 СВР Охрид денеска (26.10.2022) започна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза”.Полициските службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид со учениците во прва година од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски” во Охрид, имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно превенирање на било каков вид на насилство.На учениците им беа поделени и летоци и друг едукативен материјал.Проектот што ќе се реализира во сите...
Во Охрид 5 возила испратени на технички преглед
Post Views: 18 На 25.10.2022 година од 08 до 14 часот, беа преземени сообраќајни контроли на возила и возачи, во Охрид и Кичево.Контролирани се вкупно 75 патнички и други моторни возила (Охрид-50, Кичево-25) и на вонреден технички преглед испратени се 15 возила (Охрид- 05, Кичево- 10). Притоа, кај 02 возила, констатирани се технички неисправности (Охрид-01, Кичево-01 неисправен уред за сопирање). Против возачите на технички неисправните возила, поднесени се барања за поведување прекршочни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.