Skip to main content

Автор: инфодеск

ЈП Колекторски систем: Каллива вода од градежни активности истекува во Охридско Езеро, не станува збор за фекалии

Post Views: 198 Од ЈП „Колекторски систем“ Скопје, подружница Охрид ги известуваат граѓаните на Охрид дека калливата вода која истекува и се испушта во Охридското Езеро потекнува од исцрпување на вода настаната од градежните активности кои се изведуваат над бензинската пумпа на „Лук Оил“ на булевар „Туристичка“ во Охрид.Од таму додаваат дека на лице место на терен излезени се надлежниот Инспекторат, екипи на ЈП „Нискоградба“ и екипи на ЈП „Колекторски систем“.

Продолжи со читање

Граѓаните од денес ќе можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила

Post Views: 165Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста.За полесно препознавање на возилата, веќе во процедура е унифицирањето на возилата со специјалните регистарски таблици, кои се лесно видливи и јасно ги разликуваат службените од приватните...

Продолжи со читање

Мерко денес повторно на обвинителната клупа

Post Views: 194 Продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за незаконско поставување директори. Исказ даваше спорната директорка  на училиштето во Велешта, Егзона Шеи, која се товари дека употребила фалсификувана исправа.  Одбраната тврди дека имало многу вакви случаи, во државата во услови на недостиг на кадар да се вработуваат апсолвенти, лица без дипломи.-Таа кажа дека вакви случаи за вработување на наставници со апсолвентски стаж има многу случаи. Спомна дека државата би требала да се позабави со евентуално проблеми со дипломи и така...

Продолжи со читање

Во четврток неколку часа без струја ќе бидат Вевчани, Октиси и Горна Белица

Post Views: 169 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека поради приклучок на подземен кабел во трафостаница, најавено е дека на ден 18.09.2025 година, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, ќе има прекин на електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица.

Продолжи со читање

Постигнат рамковен договор за префрлање на Тик-Ток во сопственост контролирана од САД

Post Views: 175 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во петок ќе разговара со кинескиот лидер Си Џјинпинг, откако американските и кинеските официјални лица постигнаа рамковен договор за продолжување на функционирањето на апликацијата Тик-Ток во САД.Американскиот секретар за финансии Скот Бесент, кој ги предводеше разговорите во Шпанија, им изјави на новинарите дека е постигнат рамковен договор со кој апликацијата Тик-Ток на „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.) ќе продолжи да работи во САД. Заменик-министерот за трговија на Кина, Ли Ченгганг, исто така изјави пред...

Продолжи со читање

Нови, подметнати пожари во Дрисла и во сервис за автомобили во Пинтија

Post Views: 181 Синоќа пред 23:00 часот повторно избувна пожар на депонијата „Дрисла“, овојпат на сосема друго место од претходните денови, на локација пооддалечена од претходно активното жариште, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Поради специфичната природа на пожарот, Ангелов вели дека било неопходно истовремено затрупување на опожарената површина. За таа цел биле ангажирани градежни машини кои веќе биле на местото. Пожарот бил изгаснат и затрупан за еден час, со што било спречено негово ширење кон главниот дел на...

Продолжи со читање

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Post Views: 420 Тече проверката на поднесените кандидатури за градоначалници и листи на советници за претстојните Локални избори.Како што информира Општинската изборна комисија, во Охрид поднесени се вкупно 4 кандидатури за градоначалник. Три од нив се на партии, а една од група избирачи.Поднесени се вкупно 11 кандидатски листи за членови на советот на град Охрид, од кои 7 се од политички партии и 4 од група избирачи.Во Струга, според информациите од Општинската изборна комисија, поднесени се 9 кандидатури за градоначалник од кои 5 од група избирачи, а 4 од политички...

Продолжи со читање

Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили – 22ри септември

Post Views: 154 По повод 22-ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.Центарот ги повикува сите млади и граѓани:да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со...

Продолжи со читање

Последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект

Post Views: 168 Од Црвен крст Охрид информираат дека поради зголемениот интерес и во согласност со термините за пријавување и полагање во Капетанија на пристаништата – Охрид, објавен е дополнителен и воедно последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект.Курсот е предвиден да се одржи утре, вторник, 16.09.2025 во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, со почеток 11:00 часот. Од таму напоменуваат дека сите пријавени треба да се присутни во просториите на Црвен крст Охрид на денот на обуката, најдоцна до 10:30 часот.–...

Продолжи со читање

Намалено учеството за купување на прв стан, зголемено за купување втор или повеќе станови

Post Views: 255 Народна банка го намали учеството за купување на прв стан кој е наменет исклучиво за живеење. Од 1 декември наместо досегашните 15 отсто од парите што требаа да ги обезбедат граѓаните за купување на стан или за изградба на куќа, сега ќе треба да обезбедат само 10%. Дополнително, ако се купува втор, трет или повеќе станови, учеството се зголемува на 25% од вкупната сума.-За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи концерт на класична музика со хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски

Post Views: 169 Денес во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид концерт на класична музика ќе одржат хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски.Матеска е родена во 2003 година во Охрид. Музичкото образование го почнува во ОМУ „Методи Патче“ под менторство на професорот Наум Џуклески. Под водство на професорот Љупчо Колевски, ја продлабочува својата страст и музичка посветеност. Средното образование го продолжува во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класа на професорката Зорица Каракутовска. Во моментов, Христијана е студентка...

Продолжи со читање

Денес и утре втор уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 215 Втор уписен рок денес и утре на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за новата академска 2025/2026 година.-Идните бруцоши можат да се пријават на една од современите студиски програми во областа на информатичките науки и технологии, меѓу кои компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, како и дигитална бизнис-аналитика, информираат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.УИНТ „Св. Апостол Павле“ е...

Продолжи со читање