Автор: инфодеск
Post Views: 189 Пациентите со мултипла склероза од југозападниот регион наскоро ќе можат да добиваат третман и терапија и во Охрид, со што ќе се избегнат честите патувања до Скопје и дополнителните трошоци.Како што информираа од Национално здружение за мултипла склероза, започнува процесот на децентрализација на третманот за пациентите со МС преку пилот-програма во три регионални центри низ државата. За Југозападниот регион, терапијата ќе биде достапна во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.Директорот на Фонд за здравствено...
Продолжува негативниот тренд на природниот прираст на населението во Охрид
Post Views: 162 Продолжува негативниот тренд на природниот прираст на населението во Охрид, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика за првото тримесечје од 2026 година.Во периодот јануари – март 2026 година во Охрид се родени 94 деца, додека починале 182 лица, меѓу кои и едно доенче. Со тоа, природниот прираст е негативен и изнесува -88, што значи дека бројот на починатите е речиси двојно поголем од бројот на новородените.Во истиот период во Охрид се склучени 44 бракови, а регистрирани се и 20 разводи.Негативниот демографски тренд е присутен и на...
Утре во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец настан во чест на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет
Post Views: 183 Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески утре – четврток, библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.На учениците ќе им бидат презентирани интересни факти сврзани со животот и делото на Ванчо Николески кој е роден 1912 во селото Црвена Вода а починал во април 1980 година во Охрид.Годинава се одбележуваат 80 години од излегувањето од печат на првата стихозбирка за деца на македонски јазик „Македонче“ чиј автор е токму...
СВР Охрид утре ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар”
Post Views: 166 Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28.05.2026 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муницијаПред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.Oд СВР Охрид упатуваат апел до...
ЈП Градски Пазар Охрид објави повик за издавање локација за урбана опрема за продажба на уметнички слики и книги
Post Views: 100 ЈП Градски Пазар Охрид објавува повик за издавање простор, локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема е наменета за продажба на уметнички слики и книги, а се наоѓа на Булевар „Македонски Просветители“ во Охрид.Графичкиот приказ со нумерички ознаки на урбаната опрема е даден во шематскиот приказ кој е составен дел од огласот.Урбаната опрема ќе се издава за период од 15 јуни 2026 година до 15 септември 2026 година.Заинтересираните субјекти своите пријави треба да ги достават најдоцна до 5 јуни 2026 година, до 12:00...
ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање локации за урбана опрема за забава на отворено
Post Views: 139 ЈП Градски Пазар Охрид објави јавен оглас за прибирање пријави за користење простор – локација за поставување урбана опрема за забава на отворено во Охрид.Според огласот, урбаната опрема ќе биде поставена на улицата Улица Ванчо Николески, а ќе се издава за период од 15 јуни до 15 септември 2026 година.Заинтересираните правни и физички лица пријавите можат да ги достават лично во архивата на ЈП Градски Пазар Охрид или по препорачана пошта на адреса: Булевар Туристичка бр.79, 6000 Охрид.Од претпријатието информираат дека доколку пријавата се испраќа по...
Верниците од исламска вероисповед денес го слават празникот Курбан Бајрам
Post Views: 205 ерниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам...
Светиот маченик Исидор
Post Views: 154 Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам...







