Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид го чествува 23 октомври

Post Views: 13 Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк, по повод 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба.Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ, здруженија, политичките партии и граѓани од Охрид.23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба свечено беше одбележан во Спомен куќата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов.

Продолжи со читање

Ден на македонската револуционерна борба

Post Views: 10 Денеска Македонија го чествува 23-ти октомри, Денот на револуционерната борба.Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на...

Продолжи со читање

Тепачка во близина на бензиска пумпа во Охрид

Post Views: 16 На 21.10.2022 година во 09:40 часот во СВР Охрид приведени се А.Ј.(41) од Охрид и Б.М.(32) од струшкото село Татеши.Тие во близина на бензиска пумпа на булеварот „Железничка” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Алтернативни поставки на Римска гробница

Post Views: 33 Виртуелната реконструкција и изработената макета на римската гробница од Видобишта се поставени и промовирани во дворот на Културниот центар Лапидариум во Музејската зграда на Куќата на Робевци во Охрид.Проектот e изработен од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален Зелен Центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј Охрид. Три месеци континуирано теренското документирање и кабинетска обработка на материјалот беа потребни за добивање на финалниот производ со кој се олеснува пристапот до...

Продолжи со читање

Субвенции на уплатената такса за престој на туристи

Post Views: 13 Општина Охрид објавува Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи.Повеќе информации на следниот линк

Продолжи со читање

Успешно отсечени двете јасики на ул. Кленоец

Post Views: 10 Успешно реализирана акцијата за отстранување на двете јасики на ул. Кленоец.Екипите на Паркови и зеленило денеска безбедно ги отстранија јасиките кои претставуваа опасност по околното население и случајните минувачи.Активностите ги реализиравме по претходно добиено Решение од општина Охрид од Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување дрвја – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Подигнување кабаст отпад во Радојца Новичиќ

Post Views: 9 ЈП „Охридски Kомуналец” на 22.10.2022 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14. Радојца Новичиќ.Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07 часот на 22.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07-21 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Кривична пријава за кривично дело затајување

Post Views: 16 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.Тој на 21.09.2022 година, неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информира портпаролот на секторот.

Продолжи со читање