Автор: инфодеск
Post Views: 38 Фондот за здравствено осигурување ги демантира наводите дека податоците на граѓаните се украдени и уверува дека здравствените и личните податоци на граѓаните се целосно безбедни.Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот немаше излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Тоа го потврди анализата на експертските технички тимови. Оттука, децидни сме дека, податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и нема неовластено преземање на личните податоци – потенцираат од...
На 3-ти март повторно претставата Енергични луѓе
Post Views: 34 Поради зголемениот интерес, претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, повторно ќе биде изведена во петок на 3-ти март, со почеток во 20 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи...
Пожар во возило кај Буково
Post Views: 43 На 16.02.2023 во 18:40 часот во СВР Охрид, Љ.З.(55) од Охрид пријави дека настанал пожар во неговото патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на планинскиот превој „Буково”, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Охриѓанец физички ја нападнал својата мајка
Post Views: 28 На 16.02.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека Н.Џ.(27) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Измените во Кривичниот законик ќе донесат побезбедна околина за лекарите и пациентите
Post Views: 62 Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие” и соодветно ќе се казнува. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен...
Ученици од ОЕМУЦ дел од проектот Каде се моите стапалки
Post Views: 56 Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваат на E twinning проектот „Каде се моите стапалки“ (Where are my footprints). Во овој проект покрај ученици и наставници од ОЕМУЦ вклучени се и наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.Целта на овој проект е да ја подигнеме свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата. За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали,...
Утре е Задушница
Post Views: 66 Според календарот на Македонската православна црква утре е Задушница. Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи.Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат...
Сончево време со температура до 17 степени
Post Views: 36 Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.







