Skip to main content

Автор: инфодеск

sdsm ohrid

СДСМ : Капиталните инвестиции во економското училиште беа иницирани и реализирани од СДСМ

Post Views: 42 „Оваа локална власт предводена од ДПМНЕ и Градоначалникот Пецаков очигледно веќе по инерција продолжува да се кити со туѓи перја, па без двоумење вчерашниот ден решија повторно да обременат со манипулантни искази за тоа што Општината превзела во економското училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид, се вели во денешното соопштение на СДСМ Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост.„Да се почитува ПР-от на партијата е едно, но да се прикрива вистината е сосем друго. Фотографирањето и’ се замили во целост на оваа локална власт бидејќи...

Продолжи со читање

Партерно уредување

Партерно се уредуваат краци од улици во Рача и Лескоец

Post Views: 40 Во тек се активности за партерно уредување на неколку локации низ градот. Во Рача и Лескоец партерно се уредуваат краци од улици.Активностите се во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште. Вредноста на програмата е околу 750 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Гимназија

Се подобруваат условите во гимназијата и економското училиште

Post Views: 43 2023 година СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ја започнаа со крупни проекти.Во економското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во тек се неколку проекти. Во училишната зграда во тек е целосна промена на електричната инсталација во вредност од околу 8.084.834 денари. Сите простории се санираа и реконструираа. Се глетуваа и варосуваа сите училници и канцеларии, а на првиот кат се преградуваа нови простории. За потребите по предметот физичко образование и култура, училиштето доби и две нови соблекувални. Реконструкцијата и санацијата на...

Продолжи со читање

Нп Галичица

НП Галичица ќе мапира дивоградби

Post Views: 36 Јавната Установа Национален парк „Галичица“ ќе подготвува сеопфатна дата база со идентификувани нелегални објекти на целата територија на паркот.Во план е да бидат опфатени околу 1000 хектари на урбани делови во паркот кои ќе бидат сликани со дрон. Потоа со помош на софтвер истите ќе бидат составени во карти со висока резолуција. Во соодветна програма ќе се врши анализа и идентификација на сите илегални објекти во паркот.Во процесот установата ќе ја користи донацијата од шпанската амбасада. Имено, минатата година НП „Галичица“ и Шпанската амбасада во...

Продолжи со читање

Пожарна Охрид

ТППЕ Охрид има потреба од нови возила

Post Views: 52 Противпожарната единица во Охрид функционира со возила стари три децении. Возниот парк се состои од седум противпожарни возила, од кои шест се уште од времето на Југославија. Најстарото возило за делување на терен е од 1980 година.Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски вели сите возила се технички исправни, успеваат навремено да одговорат на задачите и работата, но сепак е доста тешко да се одржува старата опрема.Располагаме со седум возила, просечна старост околу 30 години. Тие моментално се технички исправни ги одржуваме. Во иднина се надеваме...

Продолжи со читање

Дигитализација_архив_СВП

Охридскиот Архив дигитализира фонд на СВП

Post Views: 40 Ќе се дигитализира архивскиот фонд на Струшките вечери на поезијата (СВП). Охридскиот Архив веќе започна со процесот на претворање во дигитална форма на обемната информациска граѓа на Меѓународниот поетски фестивал. Врз основа на меморандумот за соработка помеѓу Државниот Архив на Македонија и Струшки вечери на поезијата, систематски ќе се заокружи и зачува досегашната светска традиција на фестивалот која датира од втората половина на минатиот век.„Имавме огромна чест и задоволство минатата година преку надворешна служба на архивот да го добиеме овој...

Продолжи со читање

Сатеска

Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито

Post Views: 34 Градежните зафати и активностите на проектот за реставрација на водотекот на реката Сатеска и нејзино пренасочување во природното речно корито во делот на Општина Дебрца се одвиваат согласно предвидената динамика и се во завршна фаза.Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, појасни дека дел од активностите на терен се веќе завршени, а останатите се во завршна фаза, кога станува збор за трасата во рамки на Општината Дебрца.Некои од зафатите во рамки на проектот се целосно завршени, како на пример готова е разделната градба на водотекот кај...

Продолжи со читање

Кирил Пецаков

Пецаков избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 31 Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на денешната редовна седница, со мандат од една година, согласно Законот за рамномерен регионален развој.Заблагодарувајќи се за изборот, Пецаков нагласи дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти, особено во руралните средини, бидејќи тие имаат лимитирани средства и не се во иста состојба како поголемите општини од Регионот.Кризните моменти со кои се соочуваат единиците на локалната...

Продолжи со читање