Skip to main content

Автор: инфодеск

Разбиена мрежа на трговија со жени

Post Views: 11 Две жени жртви на трафикинг се ослободени, а девет лица се уапсени во операцијата на грчката полиција, во соработка со службеници од Генералниот секретаријат на Интерпол и полицајци од одделот за борба против трговија со луѓе на молдавската полиција, спроведена во неколку бордели во центарот на Атина, во која беше разбиена мрежа на трговија со жени од странство со цел нивна економска и сексуална експлоатација, јави дописничката на МИА од Атина.Како што соопштија од грчката полиција, мрежата ги принудувала жените на проституција во борделите во нивна...

Продолжи со читање

Дефинирање приоритети пред објавување Јавен повик за граѓански организации

Post Views: 14 Во просториите на Општина Охрид се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред објавување на јавен повик за граѓанските организации. На дебатата учество зедоа претставници на 12 организации.Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“.Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти...

Продолжи со читање

Пријавување за детското драмско студио

Post Views: 13 Од ноември 2022год. ќе започне со работа детското драмско студио при НУЦК „Григор Прличев” Охрид.Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност, а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават за аудиција, која ќе се одржи на 1-ви ноември, 2022 во 19 часот во просториите на установата. За аудицијата, треба да подготвите двеминутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претставите пред вашите идни ментори. Со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи...

Продолжи со читање

Црвен Крст добитник на највисокото признание

Post Views: 10 Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченост, на која Општинската организација на Црвен Крст Охрид, го доби признанието за најуспешна во годинешната програма “Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ ( ЦКА-ПХВ).Пред присутните граѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.Денешната свеченост е убав повод уште еднаш да се потсетиме на највредното што го поседуваме – хуманоста, човекољубието, солидарноста, како највредни карактеристики што треба и мора да ги имаме и да ги споделуваме за добробит на целата...

Продолжи со читање

Станица за мерење на квалитетот на воздухот

Post Views: 18 Денеска започна поставувањето на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух. Станицата е поставена на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“.Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух и ќе биде управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.Со овој уред ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување, што е од особено значење за...

Продолжи со читање

Деца во сообраќај

Превентивна кампања во ОУ Братство Единство

Post Views: 13 Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со РСБСП, во Основното училиште „Братство Единство” во охридската населба „Лескајца”, ја реализираа превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.Притоа, полициските службеници низ интерактивен пристап остварија контакт и разговори со учениците од прво одделение во училиштето, им ги пренесуваа најважните информации корисни за сообраќајната безбедност, ги запознаваа со основните сообраќајни правила што треба да ги знаат, а кои значат нивно безбедно учество како пешаци во...

Продолжи со читање

Туристичка дипломатија за развој на туризмот

Post Views: 13 Амбасадата на Република Северна Македонија во Приштина во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираа дводневно информативно патување на дипломатски претставници – амбасадори со мандат во Приштина, Косово.Присутни на информативното патување беа амбасадорите на САД, Јапонија, Албанија, Швајцарија, Луксембург, Шведска, Словенија, Турција, Германија и претставници на НДИ.Соработката на АППТ со амбасадорката на Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи е за поздравување и е прв чекор во зајакнување на туристичката дипломатија на...

Продолжи со читање

Хотелите ќе стават клуч на врата доколку државата не помогне

Post Views: 13 Доколку нема помош од државата поголемиот број хотели, кои се на слободниот пазар на електрична енергија ќе бидат принудени да стават клуч на врата. Големите хотелски капацитети плаќаат поголеми даноци и се најголемите работодавци во туристичката индустрија, а за нив досега не е предвидена никаква помош.Без конкретна финансиска помош, поддршка за плати или субвенционирана електрична енергија околу 1500 луѓе вработени на брегот на Охридското Езеро може да останат без работа, вели првиот човек на хотелската асоцијација Крсте Блажески.Викаат дека даваат...

Продолжи со читање