Автор: инфодеск
Post Views: 166 Започна програмата “Училишта без пластика” со садење на генерациските дрвца на првоодделенци и учениците од прва година во училиштата. Програмата ја спроведува Збогум Буково втора година по ред.Првата година оваа програма беше спроведувана во четири основни училишта во Охрид, а оваа година се приклучија уште три основни училишта и средните училишта.–Целта на програмата е поставување на одржлив и функционален систем за селекција на пластика, метал, хартија и ситен електронски отпад во училиштата. Според програмата училиштата...
Денес сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 109 Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), информираат од УХМР.Минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 27 степени Целзиусови.
Охриѓани утре ќе уживаат во концертот на класична музика со хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски
Post Views: 148 Утре, понеделник, 15 септември, во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид концерт на класична музика ќе одржат хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски.Матеска е родена во 2003 година во Охрид. Музичкото образование го почнува во ОМУ „Методи Патче“ под менторство на професорот Наум Џуклески. Под водство на професорот Љупчо Колевски, ја продлабочува својата страст и музичка посветеност. Средното образование го продолжува во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класа на професорката Зорица Каракутовска. Во...
Сообраќајна несреќа кај клучката за струшко Подгорци, повредено лице од Неготино
Post Views: 186 Синоќа, околу 20:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат, кај клучката за селото Подгорци, патничко возило марка „Фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано страна на 42 годишно лице од Вевчани, удрило во 48 годишно лице од Неготино, кој претходно излегол од неговото возило.– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето од Неготино, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу...
Во сабота од Охрид започнува Ракометниот караван
Post Views: 333 Ракометната Федерација на Македонија со ракометен караван „Ракометот е тука – дали си подготвен?“, ќе го промовира ракометот, кој ќе започне во сабота на 20-ти септември 2025 година, со почеток во 11:30 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.Во соопштението од РФМ се вели дека специјални гости на настанот ќе бидат Филип Миркуловски , Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска, а главна цел на Ракометниот караван е промоција на нашиот национален спорт низ целата територија на нашата земја. Караванот има за задача да ги доближи вредностите на...
Пожарот во Трубарево е изгаснат: ОЈО обезбедува докази, Армијата ја мери контаминацијата на воздухот
Post Views: 185 Утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека пожарот во Трубарево е изгаснат, нема активно горење, но дека има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места и преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина.Ангелов додае дека минатата вечер околу 2.30 часот добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатиле таму. –Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската...
4 училишта од Охрид добија еТвининг плакети за 2025/2026 година
Post Views: 185 Општинските основни училишта “Св.Наум Охридски”, “Григор Прличев”, “Кочо Рацин” и ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, се добитници на високото признание што го доделува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за периодот 2025/2026 година.-Училиштето ја доби оваа значајна награда како признание за доследната и јасна посветеност кон вредностите на eTwinning програмата. Под водство на наставниците Љупчо Балески, Јорданка Недеска Симиџиоска, Билјана Божиноска и Ирина Димзова Треневска, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ активно применува дигитални и...
Охрид ќе добие нов мурал посветен на големиот уметник Јордан Манасијески
Post Views: 203 Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков објави дека во рамките на проектот „Да ги овековечиме вредностите“ (цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот 55 години од неговото творештво, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал.-Муралот ќе биде завршен во текот на идната недела, а е дело на академскиот сликар Горан Ристовски. Среќен роденден Маестро!, стои во објавата на градоначалникот Пецаков.
Промовирана четвртата книга од едицијата „Тие доаѓаат“
Post Views: 224 Во рамки на манифестацијата „Денови на литература за деца – Охрид 2025“, денеска напладне на мини плоштадот „Вангел Наумоски“ се одржа промоција на четвртата книга од едицијата „Тие доаѓаат“, во која се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.Во името на Општина Охрид свое обраќање пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник.-Со особена радост и гордост денеска сум тука заедно со вас на овој прекрасен настан посветен на промоцијата на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“.Најнапред, сакам...
Полскиот амбасадор Бримора во посета на Општина Охрид
Post Views: 181 Градоначалникот Кирил Пецаков денес го прими амбасадорот на Полска во Македонија, Н. Е. Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Охрид.Високиот гостин од Полска го изрази своето воодушевување од Охрид како главна туристичка дестинација во регионот. Двете страни ги разгледуваа можностите за поголема туристичка соработка меѓу Македонија и Полска.Заеднички беше заклучено дека двете нови авио линии кои од март 2026 година ќе сообраќаат од охридскиот аеродром Св. „Апостол Павле“ од и до полските градови Вроцлав и Катовице директно ќе...
Во Куќата на Робевци вечерва ќе биде отворена изложбата „Звукот на пејзажот“ на уметници од Македонија и Австралија
Post Views: 179 Вечерва во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Звукот на пејзажот“ која обединува шест уметници од Македонија и Австралија, чии различни уметнички практики нудат резонантна интерпретација на македонскиот пејзаж – неговите форми, текстури и емоционални одрази.Претставена во историската Куќа на Робевци во Охрид, изложбата претставува поетски дијалог помеѓу местото и сеќавањето, традицијата и личната визија.Во оваа меѓународна изложба учествуваат:Јуан Маклеод (Сиднеј, Австралија) – Високо реномиран уметник во Австралија и на меѓународната...
Црвен крст Охрид: Уште два дена за пријавување за учество во Програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“
Post Views: 154 Од општинската организација на Црвен крст информираат дека преостануваат уште два дена за пријавување на учесници во Програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“.– Целта на оваа програма е да им се овозможи на младите да ги зајакнат своите лидерски и животни вештини, потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери и за да можат да земат активно учество во развојот на заедницата. „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Програмата ќе започне да се...