Skip to main content

Автор: инфодеск

ПСС: За првпат употребен дрон со термална камера во акција за пронаоѓање исчезнато лице во Охрид

Views: 206 За првпат специјализирано беспилотно летало со термална камера беше употребено во спасувачка акција за пронаоѓање исчезнато лице во Охрид, информираат од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.Од службата појаснуваат дека вчера во 21:40 часот Оперативниот центар примил повик за потрага по повозрасен сограѓанин кој, од засега непознати причини, се упатил кон Студенчишкото Блато.Поради исклучително тешките услови на теренот, густа вегетација, кал и ноќни услови, во акцијата за првпат било употребено специјализираното беспилотно летало DJI Mavic 3T, опремено со...

Продолжи со читање

Петровден

Денес се слави споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Views: 194 Денеска е Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.Именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра…Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.Црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли.Апостолот Петар се прославува како образец на...

Продолжи со читање

Пожарникарите и доброволците успешно пронајдоа исчезнато повозрасно лице во Охрид

Views: 217 Екипи на ТППЕ Охрид и ДПД „Ентузијаст“ синоќа успешно пронајдоа исчезнато повозрасно лице по спасувачка акција спроведена по барање на граѓанин.Од ТППЕ Охрид информираат дека упорноста на екипите во потрагата била клучна за пронаоѓањето на лицето, кое било затекнато на тешко пристапна локација во добра здравствена состојба.По пронаоѓањето, лицето било успешно евакуирано од теренот.

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 187 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува западен ветер кој ќе биде со умерен, а наместа повремено со посилен интензитет.Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени.Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога повремено ќе надминува брзина од 50 km/h.

Продолжи со читање

Топло добредојде и бисери за светските уметници Јахо, Кастроново и Боеми пред свеченото отворање на Охридско лето

Views: 223 Директорот на НУ „Охридско лето” Ѓорѓи Цуцковски ги пречека врвните уметници, сопранистката Ермонела Јахо од Албанија, тенорот Чарлс Кастроново од САД и диригентот Марко Боеми од Италија кои утревечер на Античкиот театар со гала-концертот „Љубов” свечено ќе го отворат 66. издание на фестивалот „Охридско лето”.Како знак на добредојде и почит, сопранистката Ермонела Јахо од директорот Цуцковски доби охридски бисер, додека на тенорот Чарлс Кастроново и диригентот Марко Боеми им беа врачени манжетни декорирани со охридски бисер – традиционални подароци што...

Продолжи со читање

Мицкоски: Охрид го добива местото што го заслужува преку силен инфраструктурен развој

Views: 236 Со заедничка инвестиција помеѓу Владата и Општина Охрид од околу 83 милиони денари се реконструира улицата „Кленоец“. Со реконтрукцијата опфатени се целосна промена на атмосферската канализација, фекалната канализациона мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарите.–Имаме целосна промена на водоводната мрежа, атмосферската канализација, фекалната канализациона мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарите. Зошто беше толку важно, ова беше улица каде што а самата водоводна линија претставуваше поврзување на повеќе од 10 до 12.000 жители коишто тековно, посебно во...

Продолжи со читање

Мицкоски, Јаневска и Пецаков во увид на реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“

Views: 255 Министерката за образование Весна Јаневска со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“.-Вложувањата во реконструкција на Гимназијата досега во вкупна сума претставуваат околу 100 милиони денари. Тука досега е направено уредување на дворот, партерното уредување, оградата околу училиштето, машинско греење, внатрешна и надворешна дограма, кровот секако како еден од најбитните елементи, а во последната фаза на решавање на охридската гимназија ќе биде подот во...

Продолжи со читање

Од понеделник посебен режим на паркирање на „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ во Охрид

Views: 248 Од Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид информираат дека од понеделник, 13 јули, започнува примената на посебниот режим на паркирање на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, согласно одлуката на Советот на Општина Охрид.Од претпријатието посочуваат дека паркинг-местата на наведените улици се наменети за користење од страна на резидентните жители кои располагаат со соодветна документација за живеалиште на наведените улици, доказ за сопственост или користење на возилото и важечка резидентна налепница. За овие жители паркирањето на обележаните паркинг-места ќе биде...

Продолжи со читање