Автор: инфодеск
Post Views: 11 Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар… и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат.Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна....
Денеска езерско дерби Охрид-Караорман
Post Views: 12 Денеска со почеток во 14 часот на градскиот стадион „Билјанини извори“ ќе се одигра долгоочекуваното градски дерби помеѓу екипите на ГФК Охрид Лихнидос и ФК Караорман.Натпреварот е во рамки на 8-то коло од Втората македонска фудбалска лига.Двете навивачки групи се подготвени и мобилизирини за следење на одличен фудбалски натпревар.А кој ќе биде крајниот резултат на натпреварот Охрид-Караорман, останува да видиме…
Амбасадори од Косово во Охрид и Струга
Post Views: 10 Информативно патување во Струга и Охрид на петнаесетина амбасадори од Косово во реализација на амбасадорката Шпреса Јусуфи и Агенција за промоција и поддршка на туризмот.Гостите чиј домаќин беше директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски се запознаа со убавините на двата туристички центри.Тие ги посетија главните културно-историски споменици, црквата Св. Богородица Перивлепта, музејот на икони, куќата на Робевци, се запознаа со изработката на охридските бисери, а имаа и презентација на производството на хартија. Туристичката дипломатија многу...
Петнаесет години без Тоше Проески
Post Views: 14 Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 15 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на...
Промовирана книгата Идентитетот е приказна
Post Views: 18 Просторот околу „Клупата на Горан Стефановски” во Дебар Маало беше претесен за да ги собере сите присутни на промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски, објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист. Универзитетски професори, писатели, актери, режисери, продуценти, ликовни уметници, бизнисмени, политичари, новинари и активисти на граѓанскиот сектор, но најважно – бројни почитувачи на делото на Стефановски дојдоа да го поздрават објавувањето на книгата на Антоновски, кој е прва во која детално се...
Маж загина во силно невреме на Крит
Post Views: 7 Едно лице загина, предизвикана е голема материјална штета, а според локалните медиуми постојат информации за исчезнати, во невремето што го зафати приморското место и туристичка дестинација Агиа Пелагиа во близина на градот Ираклио во северниот дел на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.Според противпожарната служба на Грција безживотното тело на мажот било пронајдено во автомобил кој од поплавата бил повлечен во морето, а спасена била една жена.Ираклио Никос Сиригонакис за грчката новинска агенција АНА-МПА рекол дека загинатиот го пронашле нуркачи и...
Едно лице е убиено во Зворник
Post Views: 6 Во пукотници што се случија синоќа нешто пред полноќ во ресторан во близина на Зворник, Босна и Херцеговина, едно лице е убиено, додека тројца се ранети, пренесува „Кликс“.Како што потврдија од полицијата во Зворник за тој портал, пукањето се случило во ресторан.Портпаролката на ПУ Зворник, Данијела Маџаревиќ, изјави дека во ПУ Козлук синоќа околу 23:05 часот било пријавено дека во Општата болница Зворник се примени четворица пациенти со повреди од огнено оружје.Едно лице почина од повредите, а останатите три се задржани на лекување. Еден од нив е во...
Бесправно оградил државно земјиште во Орман
Post Views: 8 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Тој во период од 2021 и 2022 година, бесправно оградил државно земјиште во охридското село Орман каде посеал јачмен и насад од орев на вкупна површина од 7.368 метри квадратни. Земјиштето го обработувал без да поседува важечки склучен договор за закуп со надлежен државен орган – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.