Автор: инфодеск
Post Views: 9 Хит претставата „Секс лаги и љубомора” во изведба на Охридскиот театар повторно е распродадена за деновите 13-ти и 14-ти октомври.Реприза на истата е закажана во сабота 22-ри октомври со почеток во 20 часот, а билетите се пуштени во продажба на билетарата ва Центарот за култура.Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски, Адриана Билаловиќ Тодороска, Билјана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефаноска и Марија Новак. Претставата е во режија на Коле Ангеловски.
Во Струга отворена канадската компанија Магна
Post Views: 34 Отворена првата фабрика на „Магна Мирорс” во земјава. Станува збор за канадска инвестиција во вредност од 35 милиони евра, со погони распослани на 17 000 м2. Kомпанија која произведува автомобилски делови и за најзначајните производители на автомобили во светот, работи веќе една година во технолошко индустриската развојна зона во Струга, а брои околу 350 вработени.Премиерот Ковачевски, рече одлуката Магна да отвори фабрика во земјава е поволната бизнис клима.Одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и...
Официјален старт на Младинскиот центар Охрид
Post Views: 16 Младинскиот центар во Охрид (МЦО) официјално отворен во просториите на компексот Касарна. Отворањето на Центарот е резултат на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики и интензивно работење на локалната самоуправа и младинските организации се со цел да се добие место кое ќе биде сервис за младите, каде ќе се спроведуваат програми за подобрување на благосостојбата и унапредување на личниот, социјалниот и професионалниот развој на младите.Оние кои што ќе работат во овој центар се посветени млади луѓе кои добро си ја знаат својата...
Путин и Ердоган ќе се сретнат утре во Казахстан
Post Views: 7 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот во Казахстан на 12 октомври.Новинската агенција Франс прес (АФП) и германската државна агенција ДПА на 11 октомври ги цитираа турските власти според кои двајцата претседатели ќе се сретнат во Астана за време на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA).Потврдата за средба доаѓа еден ден откако портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рече дека двајцата лидери „можеби ќе се сретнат“ во главниот град на Казахстан....
Утре се отвора Младинскиот центар во Охрид
Post Views: 9 Во Охрид утре ќе биде официјално отворен Младинскиот Центар, согласно Законот за младинско учество и младински политики.Младинскиот Центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.На настанот свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков; Извршниот Директор на „СЕГА“, Зоран Илиески и Раководителот на Младинскиот центар,...
Фатени 44 мигранти во акција на МВР
Post Views: 7 Во товарно возило во близина на Валандово синоќа се пронајдени 44 мигранти од Сирија од кои 14 малолетници. Мигрантите биле скриени во специјално направен бункер во возилото.Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 23-годишниот возач од демирхисарското село Сопотница е приведен, а мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар.
Во Струга нелегално се наплатува паркинг
Post Views: 7 Во центарот на Струга нелегално се наплатува паркинг. Физичко лице узурпира државно земјиште, самоволно го обележал просторот и спротивно на законот наплатува 100 денари за паркирање.Нема фискална сметка, нема регистрирана дејност, но речиси една година заработува на црно.Во видео кое револтирани граѓани го испратија до медиумите се гледа како наплатувачот нелегално бара пари. Локацијата е спроти хотелот „Дрим“, граѓани испратија видео до медиумите.Овде ќе платиш. Дај ми фискална ќе платам. На црно ќе платиш. Какви фискални не ми требаат – се...
Патот за Орман во целосен мрак, реагираат жителите
Post Views: 15 Откако во рубриката „Ти си твојот град“ беше објавено дека голема скршена гранка од орев виси над патот кој води за селото Орман и претставува голема опасност за минувачите и возачите, добивме нова реакција од жител на Орман, за уште еден проблем кој ги мачи жителите.Скршена гранка виси над патот за ОрманА што е со уличното осветлување? Сите градоначалници го ветуваат, но никој сѐ уште не го реализирал. Досега само мене два пати ме удри кола, а има уште којзнае колку вакви незгоди – вели Игор Дуноски за рубриката „Ти си твојот град“.Тој додава...