Skip to main content

Автор: инфодеск

Милан Завков

Почина маестро Милан Завков

Post Views: 40 Ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објавија од Танец.Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и...

Продолжи со читање

Велосипедски патеки

Зголемена, но недоволно безбедна вело- мрежа

Post Views: 29 Велосипедската мрежа во Охрид се зголемува, но треба да се унапреди безбедноста во сообраќајот на велосипедистите. На поголемите улици во градот се исцртани и обоени велосипедски патеки, но истите не се одвоени од коловозите со рабници и столпчиња, некои патеки веќе се избледени и без вертикална сигнализација, попречени со контејнери или континуирано блокирани од паркирани возила. Јован Јованоски од велосипедскиот клуб „Еко Дром“, вели дека има поместување на состојбите во однос на минатите години, но уште многу треба да се работи за да се достигнат Европските...

Продолжи со читање

Онлајн медиуми

ДПИ апелира : Внимавајте при онлајн купување

Post Views: 49 Имајќи предвид дека технологијата оди постојано напред со засилен развој, така се менуваат и навиките на луѓето. Онлајн продажбата стана поинтензивна овозможувајќи полесен и побрз пристап до саканите производи. Но покрај предностите, има и свои слабости со кои секојдневно се соочуваат голем број граѓани.Имено, грѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или...

Продолжи со читање

Струга крајбрежје

Измина рокот за препораките на УНЕСКО, Струга не презеде активности

Post Views: 61 Измина рокот за спроведување на препораките на Унеско, Струга не презеде конкретни активности, обвинува опозицијата. Не е изработен регистар на дивоградби, кои според неофицијалните бројки во градот и околината ја надминаа бројката од 1000. Продолжува претераната урбанизација, но и узурпација на атрактивните локации на крајбрежието.Не се уриваа платформите во вода, а угостителските објекти на плажите работаат преку целата година.Кога станува збор за општина Струга како ние да сме во некоја друга држава. Законите не важат и не се применуваат. Ова особено...

Продолжи со читање

Сочувство Турција

Пецаков изрази сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот

Post Views: 43 „Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам побрзо закрепнување“, напиша градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.„Охриѓани во овие тешки мигови со мислите се со народот на пријателска Турција“, додаде градоначалникот Пецаков.

Продолжи со читање

Оштетени дрвја

Украдени и оштетени дрвјата на патеката кон Горица

Post Views: 38 Општина Охрид најостро го осудува чинот на крадење и кршење млади дрвја на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123–те засадени  стебла од видот врба и даб на овој потег, три дабови дрвца се украдени, а четири скршени.Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на бул „Македонски Просветители“.Согласно проектот за едно...

Продолжи со читање

Горива

Поевтинуваат горивата

Post Views: 34 Бензините од вечерва на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,065 денари за килограм се...

Продолжи со читање

Пари

Во тек е исплатата на правата од детска и социјална заштита

Post Views: 49 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2023 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се...

Продолжи со читање