Автор: инфодеск
Post Views: 193 На 11.09.2025 во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од 24-годишен охриѓанец од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
Прекин на водоснабдувањето во населбата Коњско
Post Views: 141 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Коњско.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
WizzAir ја затвора базата во Виена, од март 2026 се укинува и летот од и до Охрид
Post Views: 197 Нискобуџетната авиокомпанија „WizzAir” објави постепено затворање на својата база во Виена која што, како што соопшти компанијата, ќе се одвива во две фази. Рутите до Билбао и Лондон Гетвик – ќе бидат повлечени на 26 октомври 2025 година, а останатите рути, меѓу кои е и линијата од Виена до и од Охрид ќе престанат да работат на 15 март 2026 година.-„WizzAir“ ја лансираше својата база во Виена во 2018 година, а нејзината моментална флота од пет авиони „Ербас А321нео“, кои оперираат на 28 рути до 20 земји, ја одразува силната позиција што ја...
Денес промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“
Post Views: 103 Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.Промоцијата на книгата ќе се одржи на мини плоштадот...
Денес сончево со мала локална облачност
Post Views: 118 Утрово во најголемиот дел од земјава времето е сончево со мала локална облачност, а по одделни котлини и речни долини има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 13, а максималните до 27 степени Целзиусови.Утре во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на...
Од 12 октомври нови правила за влез во ЕУ
Post Views: 201 Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Оваа мерка има за цел зајакнување на безбедноста на граничните премини, а истовремено и поедноставување на самата процедура за патниците.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, за да нема застои на патните премини. Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната...
БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД одбележува 15-годишен јубилеј
Post Views: 138 Црвен крст Охрид одбележува уште еден јубилеј 15 години од работа на БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД Центарот за развивање на животни вештини, во која се имплементира Интернационалната Бреинобреин програма.Во прекрасен амбиент на охридското крајбрежје, со едукативни игри, многу забава и дружење, бројни креативни содржини подготвени од аниматорот Анета-кловнета, децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид со голема возбуда и радост, го прославија 15 годишниот роденден на центарот БОБ-Црвен крст...
Застрелан десничарско-конзервативниот активист Чарли Кирк
Post Views: 226 Чарли Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше убиен вчера попладне по американско време додека учествуваше на собир на Универзитет во Јута, на кој присуствуваа повеќе од 3000 луѓе.Снимки од инцидентот покажуваат како Кирк држи говор пред голема група луѓе на отворено, кога се слуша пукање. Кирк може да се види како ја движи раката кон вратот додека паѓа од столот, а присутните трчаат. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал од покрив од значително растојание.Успешната радио личност и подкастер Кирк беше шеф и...
Утре промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“
Post Views: 132 Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.Промоцијата на книгата ќе се одржи во петок, на 12 септември...
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
Post Views: 140 Денеска Светата православна Црква го празнува споменот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител.Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св. Јован Претеча живеел во исто време кога и Исус и тој всушност го најавува неговото доаѓање. Јован уште пред Исус ги крштевал луѓето во реката Јордан и притоа им велел „Јас ве крштевам со вода, но ќе дојде друг кој ќе ве крсти со Дух“. Јован го крстил и Самиот Исус во реката Јордан.Антипа, син на стариoт Ирoд, убиeц на младeнцитe вo Витлeeм вo врeмeтo на раѓањeтo на Гoспoда Исуса, бил гoспoдар на...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Post Views: 129 Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h).Од УХМР велат дека од уре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 17 до 26 степени Целзиусови.
Прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Кеј Македонија“ и дел од населбата Охридати
Post Views: 161 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 15:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Кеј Македонија“ и дел од населбата Охридати.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.