Автор: инфодеск
Views: 222 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Максималната дневна температура до 30 степени.Температурите во Македонија до максимални 38 степени.Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Со гала концерт на Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново в недела ќе биде отворено 66. „Охридско лето“
Views: 212 Со гала концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми а во придружба на Националната опера и балет.Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат традицијата и убавината, а уметноста добива нова димензија и нова сила преку фестивалот што веќе 66 години успешно опстојува и...
Mоќта на органодарителството, од механичка пумпа до ново срце
Views: 217 Ги одбројувале деновите чекајќи ново срце. Живееле приклучени на механичка пумпа, со батерии, кабли но и надеж. Денес двајца Македонци сведочат дека донирањето органи значи нов живот.Нагип Али имал само 27 години кога дознал дека единствениот спас му е трансплантација на срце. Во Австрија поминал низа операции. Живеел со механичка ппумпа, нестрпливо чекајќи го повикот што му подарил нова шанса за живот.„По тие дванаесет месеци потпишав согласност срце за мене да се бара и надвор од Австрија, во земјите со...
Во Охрид ќе се градат 145 нови станови, издадени 12 одобренија за градење во мај
Views: 275 Во Охрид во мај годинава издадени се 12 одобренија за градење, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од нив, седум се издадени на физички лица како инвеститори, а пет на деловни субјекти.Со издадените одобренија е предвидена изградба на 145 нови станови со вкупна корисна површина од 9.494 квадратни метри. Најголем дел од планираните станови се двособни – 89, додека 46 се трособни.Во Струга, во истиот период, се издадени 10 одобренија за градење. Девет од нив се на физички лица како инвеститори, а само едно на деловен субјект. Со овие одобренија...
Избрано најдоброто идејно решение за Младинскиот културен центар во Охрид
Views: 197 Коалицијата на младински организации СЕГА ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на поранешната менза во рамките на касарната „Михајло Апостолски“ во современ Младински културен центар во Охрид.Конкурсот беше реализиран во рамките на Програмата на Младински центар Охрид 2025–2026, со финансиска поддршка од Општина Охрид, а целта е избраното решение да послужи како основа за изработка на основниот проект и идната реконструкција на објектот.Стручната комисија ги избра трите најуспешни труда:...
Градоначалникот Пецаков се сретна со австрискиот амбасадор Памер
Views: 202 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер.На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу Охрид и австриската покраина Тирол, која во изминатиот период донираше возила и опрема за Територијалната противпожарна единица во Охрид. Посебен акцент беше ставен и на можностите за поддршка на планинските спасителни служби.Соговорниците разменија мислења и идеи за воспоставување поблиска соработка меѓу Охрид и градови во Австрија во повеќе општествени...
Во сообраќајка кај Рача тешко повреден 48-годишен охриѓанец, возел под дејство на алкохол
Views: 217 На 9 јули 2026 година, во 19:15 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на селото Рача.Во несреќата учествувале патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишен жител на Охрид, и патничко возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 59-годишен жител на Охрид.Возачот на „Цитроен“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Телесни повреди добиле и возачот на „Форд“, како и неговата...
Охридскиот аеродром со двоцифрен раст, опслужил над 122.000 патници во првата половина од годината
Views: 160 Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првите шест месеци од годинава опслужил 122.638 патници, што претставува раст од 18,2 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на ТАВ Македонија.Во истиот период од охридскиот аеродром биле реализирани 907 летови, односно 26 проценти повеќе споредено со првата половина од минатата година.На национално ниво, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид заедно опслужиле 1.955.648 патници во периодот јануари – јуни, што е 28 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата...









