Автор: инфодеск
Post Views: 52 Во име на раководството и на бројното членство на МПС упатуваме честитки до сите припадници на полицијата кои вчера, за време на чествувањето на денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, најпрофесионално покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата и беа на висина на своите задачи со што овозможија достојна реализација на планираните оперативни активности, се вели во соопштението на Македонскиот полициски синдикат.„Свесни дека полициските активности вчера беа само финалната фаза, на која ѝ претходеа детални и активни подолготрајни...
Мирно и достоинствено одбележан роденденот на Гоце Делчев во Скопје
Post Views: 50 Со високи државни почести, мирно и достоинствено, вчера во Скопје беше одбележана 151-та годишнина од раѓањето на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ вчера цвеќе положија државниот врв, претставници на политичките партии од власта и опозицијата, на граѓански организации и на Армијата, делегација од Бугарија, граѓани.Одбележувањето помина под силно полициско обезбедување, а веќе неколку дена улицата која минува крај црквата „Св. Спас“ е затворена за...
Каменуван македонски клуб во Благоевград
Post Views: 49 Каменуван е македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Бугарија. Каменувањето се случило синоќа и предизвикана е материјална штета. Според бугарските медиуми кон клубот биле фрлани повеќе камења при што е искршено надворешното стакло.Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде...
Две успешни спасувачки акции на полицајците
Post Views: 44 Полициските службеници вчера извршиле две успешни акции за спасување на лица заглавени во снежни наноси и лица заглавени во објект кај ски-лифот на Попова Шапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.Во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје вчера побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и...
Фрлени сол и ризла низ улиците во Охрид
Post Views: 37 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ задолжени за чистење и одржување на улиците на подрачјето на Охрид и околината, синоќа беа на терен.Третирани беа улици, села и населби со сол и ризла: Стар Град, Бараки, Велестово, Рамне, Елшани, Лакочереј, Велгошти, ул. Партизанска, ул. Димитар Влахов, ул. Јане Сандански, ул. Питу Гули, ул. 7ми Ноември, ул. Асном, ул. Гоце Делчев, ул. Даме Груев и ул. Марко Нестороски – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Повторно семејно насилство во Охрид
Post Views: 42 На 05.02.2023 во 00:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека А.А.(37) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Охриѓанец физички ја нападнал сопругатаПо документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
ГАЛУП : 42 отсто од граѓаните би заминале од земјава
Post Views: 38 42 отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование – универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се...
Казнети двајца возачи во Охрид
Post Views: 31 На 03/04.02.2023 година од 22 до 04 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале двајца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.







