Skip to main content

Автор: инфодеск

Избрани најдобрите во спортот

Избрани најдобрите во спортот за 2023 година

Post Views: 32 Синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2023 година“.По втор пат за една година под покровителство на локалната самоуправа се собираме денес, за да оддаме признание на најуспешните спортисти во Охрид во изминатата година. Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи. Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се...

Продолжи со читање

Бреинобреин програма

Охридските бреинобреин генијалци меѓу најдобрите во светот

Post Views: 46 Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 28 јануари 2023 година. Во конкуренција од 20603 илјади учесници од 84 земји, 37 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на овој натпревар освоија 9 трофеи, 13 златни медаљи и 15 сребрени медаљи.И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста,...

Продолжи со читање

Протест цистична фиброза

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Влада

Post Views: 47 И покрај очекувањата денеска да се донесе одлука за обезбедување на средства за лекот „трикафта“ за 30 пациенти со цистична фиброза, како што најави министерот за здравство Беким Сали, сепак, засега скапиот лек ќе го добијат само осум пациенти што се во потешка состојба. За другите пациенти со оваа дијагноза, надлежните ќе прават напори лекот да биде набавен во текот на оваа година. Ова го изјави министерот Сали по денешниот состанок со министерот за финансии Фатмир Бесими и со претставници од Фондот за здравствено осигурување.Се надевам дека во најскоро...

Продолжи со читање

Медиуми

Новинарите повторно спречени да известуваат од јавен настан

Post Views: 38 Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, ЗНМ потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како на самиот ден на известување, така и денеска. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата Свети Спас во Скопје. До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и...

Продолжи со читање

Охридски аеродром

Турски државјанин приведен на охридскиот аеродром

Post Views: 43 На 02.02.2023 во 16 часот на Граничен премин Аеродром Св. Апостол Павле бил приведен М.К.(28) од Република Турција.Тој при пасошка контрола на увид приложил патна исправа за која постои сомнение дека е фалсификувана. Тој бил задржан во СВР Охрид и за настанот бил известен бил Јавен обвинител – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Полиција

Жител на Албанија се однесувал агресивно кон полицајци

Post Views: 35 На 02.02.2023 во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија.Тој на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава- информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Насилство врз жена

Скопјанка нападната од две лица во Охрид

Post Views: 33 На 03.02.2023 во СВР Охрид било пријавено дека на 01.02.2023 во куќа во Охрид, Н.М.(21) била физички нападната од Р.Д. и О.Д., сите од Скопје.По расчистување на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Акција Прличев

Уредени локациите каде што ќе се одбележува јубилејот 130 години од смртта на Прличев

Post Views: 35 Уредени локациите каде ќе се одржуваат програмските активности за одбележување на јубилејот 130 години од смртта на Григор Прличев.Оперативните служби спроведоа вонредни активности за чистење, метење и хортикултурно уредување на локации каде ќе се одбележува јубилејот. Интервенирано е кај спомен-куќата на Прличев, гробот во близина на црквата Св. Богородица-Перивлепта, бистата пред НУ Библиотека „Григор Прличев” – информираат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање