Автор: инфодеск
Post Views: 42 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ изминативе денови спроведуваат акција за расчистување на крајбрежниот појас-плажите на потегот од населба Далјан до Свети Наум.Се подигнува тешко разградлив комунален отпад оставен од несовесни граѓани, како и отпадот кој го натрупува езерскиот бран (најзастапени пластични шишиња, лименки и др.) Со акцијата ородолжуваме и во следните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Дизелот поевтинува за два денари
Post Views: 38 Од вечерва на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денари, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 86 денари за литар, а мазутот 41,346 денари за килограм.Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 01.02.2023 година.
Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски
Post Views: 43 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на...
Константин Шарковски и Филип Нелоски од ОУ Св. Климент Охридски се пласираа на математички маратон во Србија
Post Views: 62 Во конкуренција од 1500 ученици од регионот, учениците Константин Шарковски и Филип Нелоски од 6-то одд. под менторство на наставничката м-р Билјана Шуминоска се пласираа на математичкиот маратон, во соседна Србија.Математичкиот маратон е организиран во рамките на ,,Математичка академија” во организација на врвни математичари од Србија.На овој натпревар од нашето училиште зедоа учество и Петар Илчески 6то одд, Димитар Велкоски од 8мо одд. На сите ученици им честитаме за успехот – велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.
Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени
Post Views: 39 Месец јануари 2023 година се карактеризира како екстремно топол и просечен до влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности. Месечната температура се движеше од 0,9 степени Целизиусови во Маврово до 7,6 во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски месечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинешната беше 3,3 степени над просечната на ниво на држава, информира УХМР.Во втората декада од месецот беа забележани високи максимални и минимални температури невообичаени за овој дел од годината и од 17 до 24 имаше продор на топлотен...
Судот го осуди гинекологот Мухамед Асани
Post Views: 127 Основниот суд Струга донесе пресуда за поранешниот директор на струшката болница, гинекологот Мухамед Асани. Одредена му е казна затвор во траење од 2 години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши ако осудениот во рок од 4 години не стори ново кривично дело. Осуден е за давање здравствени услуги без дозвола, прегледувал пациентки и водел бремености од 2015 до 2020 година.Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека во просториите на семејна куќа во Струга опремил ординација која не била регистрирана, за што сведочеа пациентката...
Хрватската амбасадорка во работна посета на Општина Охрид
Post Views: 43 Денес во работна посета на Општина Охрид беше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ.Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани повеќе теми и области за соработка помеѓу Охрид и Хрватска. Амбасадорката Тигањ ја изрази неподелената и искрена поддршка на Хрватска за Македонија во нејзините напори за приклучување на Европската Унија и понуди стручна помош во разговорите што Македонија ги има со европските институции.Во вториот дел од средбата се приклучија и професорките од Факултетот за Туризам и угостителство од...
Реконструирани петте улици во старото градско јадро во Струга
Post Views: 46 Заврши реконструкцијата на петте улици во стариот дел на Струга, во рамките на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, соопшти Центарот за развој на Југозападниот плански регион.Реконструирани се улиците „27 Март“, „Нико Нестор“, „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ во должина од 600 метри и површина од околу 3.200 метри квадратни.Изминативе неколку месеци се вадеа старите камени блокови, се постави нов тампонски слој и армирано – бетонска подлога, по што повторно се...







