Автор: инфодеск
Post Views: 60 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го смета за апсолутно неприфатлив недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинарката на ТВ Канал 5, Катерина Капковска, за време на денешната прес конференција.Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура.Агенцијата повторно апелира дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на...
Над 800 случаи на грип во земјава за една недела
Post Views: 32 Во текот на 4-та недела од 2023 година (23-29.01.2023), во Македонија се пријавени 874 случаи на заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 23,0% помалку во споредба со претходната недела, информираат до Институтот за јавно здравје.Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 4-тата недела од минатата сезона е зголемен 3,5 пати.Во текот на 4-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале 226 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.Пријавената инциденца е...
Злести, Велмеј и Лешани добија современи настрешници за автобуски стојалишта
Post Views: 51 Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам” беше реализирана уште една проектна активност во Општина Дебрца.Поставени се три современи настрешници за автобуски стојалишта во селата Велмеј, Лешани и Злести. Проектот се реализираше во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија, а партнери беа Црвениот Крст ОО Охрид, општина Дебрца и Алпинистичкото друштво Патагонија од македонска страна и општина Грамш, од Албанија – информира Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.
Се поставува канализациска линија на крак од ул. Илија Смически
Post Views: 37 Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности за поставување на канализациска линија на крак од ул. „Илија Смически“ во село Лескоец.Должината на линијата изнесува 102 метри, а вредноста е 423 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Охриѓанец фатен со марихуана на патот Охрид-Струга
Post Views: 45 На 01.02.2023 во 13:20 часот кај плажата „Дебрца” на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го приведoa А.Б.(31) од Охрид.При преглед на патничко возило „фолксавген голф”, во кое бил со уште едно лице, полициските службеници кај него пронаjдoa и одзедoa марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Post Views: 36 Општина Охрид денеска објави Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.Повеќе информации на следниот линк
Еднократна финансиска поддршка на семејство со дете со тешка попреченост
Post Views: 32 РЕЗУЛТАТИ од Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст број 09-202/2 од 09.01.2023 година.Повеќе на следниот линк
Донесени решенија за доделување финансиски средства во спортот
Post Views: 38 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ги донесе решенијата за доделување на финасиски средства во областа на спортот, по претходно распишаните јавни повици.Субвенционирање и распределба на финансиските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за програми на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, настани, проекти спортисти и други правни лица од областа на спортот бр. 09-17737/5 од 28.12.2022 година, како и објавениот Јавен конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на...







