Автор: инфодеск
Post Views: 20 Започна реконструкцијата на магистралниот пат Подмолје–Струга–Ќафасан. За комплетна рехабилитација на оваа делница обезбедени се 7,9 милиони евра. Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта реконструкцијата ќе заврши за 15 месеци.Јас можам да тврдам дека овој патен правец од 15 јули кога беше воведена работа на Илинден очекуваме и убеден сум дека за 15 месеци ќе биде целосно рехабилитиран, бидејки со искуството што го имаме со компанијата и другите делници каде што вршеше рехабилитација на време ги завршува проектите – изјави Ејуп...
Црвен крст спроведе бројни активности
Post Views: 15 Бројни волонтери, активисти, поддржувачи, пријатели на Црвен крст Охрид, од сите возрасти, на Градскиот плоштад во Охрид имаа свој ден за едукација, забава и дружење.Најбројни и највесели беа најмладите, кои ја следат едукативната програма „Полетарче“, членовите во Центарот за развивање на животни вештини „Бреинобреин“. Заедно со своите родители и тренери тие го прославија 12-тиот роденден на Центарот.Волонтерите од Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид го одбележаа Меѓународниот ден на стари лица промовирајки ги своите активности со...
Запленети 177 парчиња охридска белвица
Post Views: 6 Денеска по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум“ привеле 53 годишен државјанин на Република Албанија.При контрола во патничко возило „фолксваген туран”, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Македонија кон Албанија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
УИНТ Св. Апостол Павле ја започна академската година
Post Views: 13 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ свеченото ја започна новата академска 2022/2023 година. Унверзитетот составен од 5 факултети и еден центар за дигитална уметност денеска ги подели инедксите на новите студенти. Еден од бруцошите е и Енрико Митре кој очекува да се стекне со знаење и вештини со цел по завршување на студиите да основа своја компанија.„Се имам запишано на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, моја желба беше да стекнам нови знаења на овој факултет и да станам комјутерски програмер понатаму.“, вели...
Нова фекална канализација на ул. Даме Груев
Post Views: 9 Денеска започнаа градежните активности за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“ на потегот кај Старото кино. Вредноста на проектот е 900 000 денари и е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена.
Прв академски час на УИНТ
Post Views: 9 Денеска започна академската година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Кирил Пецаков.Дозволете ми да го изразам моето задоволство што денес сум меѓу Вас на почетокот на новата академска година. Почитувани идни студенти, денеска сте на животната крстосница, ја преминувате линијата и од деца станувате академски граѓани на кои останува ова општество. Со оглед на тоа што живееме во дигитален Свет со многу предизвици во кој се е поврзано и една информација со брзина на...
Несовесни граѓани депонираат кабаст отпад
Post Views: 7 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во акцијата која што беше реализирана викендов, од кабаст отпад ги исчисти улиците „Асном“, „Галичица“, „Јане Сандански“, бул. „Туристичка“, „Ариф Мустафа“, „Железничка“, „Кленоец“, „Цар Самоил“, „Кочо Рацин“, „Коста Абраш“ и населба Даљан.
Црна Гора има најевтини горива во регионот
Post Views: 8 Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот.На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Северна Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија –...