Skip to main content

Автор: инфодеск

Тепачка

Тепачка во зграда на ул. Ристо Крле во Струга

Post Views: 98 На 31.01.2023 во 23:45 часот во зграда на улица „Ристо Крле” во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Б.(59) и Г.П.(36), двајцата од Струга.Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар

Пожар во куќа во Лескоец

Post Views: 37 На 01.02.2023 во 02.15 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во куќа сопственост на Т.Д.(67) од охридското село Лескоец, во кој нема повредени лица.Интервенирала територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Литературен конкурс

Литературен конкурс Векувањето на македонскиот јазик

Post Views: 47 Младински Центар Охрид распишува литературен конкурс по повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, на тема: „Векувањето на македонскиот јазик”!ИНСТРУКЦИИ:1. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од средните училишта во Охрид!2. Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема на овој конкурс.3. Литературните творби треба да се испратат во електронска форма на email адресата на Младински Центар Охрид contact@mco.mk со назнака Литературен Конкурс.4. Учесниците на...

Продолжи со читање

Полетарче

Уписи за пролетниот циклус на програмата Полетарче

Post Views: 43 Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и...

Продолжи со читање

Мерни инструменти

ООУ Христо Узунов и ООУ Кочо Рацин добија опрема од GLOBE

Post Views: 40 ООУ „Христо Узунов“ и ООУ „Кочо Рацин“ добија опрема од GLOBE Програмата имплементирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е во насока на глобалното учење и набљудување во полза на животната средина.На промопредавањето на опремата присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој се заблагодари на претставниците на министерството за досегашната соработка и изрази надеж дека и во иднина ќе може да се имплементираат слични заеднички проекти.Донираната опрема се состои во надгледни средства наменети за мерења...

Продолжи со читање

Камиони

Јавните претпријатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема

Post Views: 50 Ќе се јакнат капацитетите на јавните комунални претпријатија во Охрид и Дебрца. Ќе се набавува опрема со вкупната вредност од 8,6 милиони денари. ЈП „Водовод“ Охрид ќе добие камион кипер, додека за потребите на ЈП „Охридски Комуналец“ и „Нискоградба„ ќе се набавуваат два трактори со пропратна опрема.Целта е обновување на застарената опрема и поголема ефикасност на јавните претпријатија, зголемување на квалитетот на работата и намалување на трошоците, велат од Центарот за развој на Југозападниот регион.За општина Охрид за јавните претпријатија за...

Продолжи со читање

Техничка вода

Нискоградба ќе им наплаќа на субјекти кои користат техничка вода без броило

Post Views: 50 Хотелите и поголемите капацитети со апартмани кои користат техничка вода во иднина ќе плаќаат надоместок на ЈП „Нискоградба“. Градскиот совет даде согласност на одлуката на Управниот одбор на јавното претпријатие за утврдување на начин за пресметување на цената за фактурирање на субјекти кои користат техничка вода, а немаат поставено водомерно броило. Одлуката ги опфаќа и инвеститорите кои градат станбени објекти, како и автоперални.Јавното претпријатие на правните субјекти ќе им фактурира паушал според минимален број на кубици техничка вода.Цените и...

Продолжи со читање

ОУ Братство Единство

Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во ОУ Братство Единство Лескајца

Post Views: 37 Завршија градежните зафати за реконструкција на санитарните јазли и електричната инсталација во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.Наша замисла е постојано инвестирање во образовните институции на територија на Општина Охрид . Во таа насока се одвиваат и нашите активности. Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари – информираше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Продолжи со читање