Skip to main content

Автор: инфодеск

Одбележана годишнината од смртта на Марко Бошњаков

Post Views: 73 Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков, а по повод 118 години од неговата смрт.На настанот присуствуваа и претставници од  Подрачната единица на Историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на улиците ,,Кленоец” и ,,Српница”

Post Views: 78 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 12:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кленоец “ и „Српница“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Културата расте со децата: Денес за најмладите детската претстава „Златка и трите мечки“

Post Views: 103 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, денес на сцената во Охрид мол ќе биде прикажана детската интерактивна претстава „Златка и трите мечки“.–Ве повикуваме на вечер полна со магија и фантазија, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

Европски суд за човекови права: Претепан затвореник во Идризово ќе добие 11.295 евра, државата призна повреда на правата

Post Views: 93 Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права информираат дека Европскиот суд за човекови права вчера донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот „Фитим Муслиу против Северна Македонија“, а била поднесена на 30 август 2022 година.Имено, случајот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога, според поднесената претставка, затвореник од Идризово бил брутално претепан од затворски полицаец пред кантината во установата. Тој тврдеше дека бил изложен на тортура, но и дека домашните институции не...

Продолжи со читање

118 години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 75 Денес се навршуваат 118 години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков.Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун.Измачуван, умира од маларична треска во затворот Музрул во...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Клипел–Флеилов синдром / синдром на цервикална фузија на пршлените

Post Views: 61 КЛИПЕЛ–ФЛЕИЛОВ СИНДРОМ/СИНДРОМ НА ЦЕРВИКАЛНА ФУЗИЈА НА ПРШЛЕНИТЕ/KLIPPEL–FEIL SYNDROMEMKБ-10 Q76.1ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1/40 000 до 1/42 000 новороденчиња низ светот.ВОВЕДКлипел–Флеиловиот синдром, познат и како синдром на цервикална фузија на пршлените, е ретка конгенитална состојба која се карактеризира со абнормална фузија на која било од седумте коски на вратот (вратни пршлени). Може да резултира со ограничена способност за движење и краткост на вратот. Болеста е присутна и се дијагностицира при раѓање, со исклучок на поблаги случаи каде...

Продолжи со читање

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски

Post Views: 64 Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекнал одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано примил презвитерски чин. Во Константинопол бил библиотекар на соборната црква и учител по философија. Светиот Кирил со успех водел спорови со еретиците иконоборци. Стремејќи се кон осаменички живот, се повлекол на гората Олимп, во манастирот каде што игуман бил неговиот постар...

Продолжи со читање

Сончево со мала локална облачност

Post Views: 48 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 12 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

Продолжи со читање

Сиљаноски изврши увид во реконструкцијата на улицата кон „Св. Петка“ во Волино и најави обнова на Домот на култура

Post Views: 65 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информираше за извршениот увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“ заедно со претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои е разговарано за динамиката и квалитетот на реализацијата.– Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото. Во рамки на посетата го посетив и Домот на култура во Волино, кој ќе биде реконструиран во целост за потребите на жителите на селото, вели...

Продолжи со читање

Стружани ќе добијат пониски сметки за вода

Post Views: 90 Повеќе од половина месец стружани немаат питка вода. Анализите се уште покажуваат зголемена матност, таа не ги исполнува  безбедносните стандарди. Досегашните истрага загадувањето го поврзува со ископи во близина на извориштето Шум. Градоначалникот вели ќе бара одговорност, локалитетот околу извориштето не бил заштитен ниту ограден,  а  со години се вршеле ископи.– Нема таму со закон зона која е заштитена имаме побарано до владата да се донесе одлука да се заштити  таа зона треба физички да се огради не е оградено...

Продолжи со читање

По повод 8-ми Март, ЈП Градски Пазар издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе

Post Views: 23 По повод празникот 8-ми Март, ЈП Градски Пазар Охрид, издава под закуп тезги (10 тезги ) за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар) за период од 01.03.2026 до 09.03.2026.Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид на Бул. Туристичка бр.79.Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.Огласот трае до 01.03.2026 година.

Продолжи со читање

22 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Post Views: 75 Во авионска несреќа, што се случи пред 22 години, на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица. Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски...

Продолжи со читање