Skip to main content

Автор: инфодеск

ЈП Градски пазар Охрид издава куќарка наменета за продажба на храна на Кеј Македонија

Post Views: 248ОГЛАС бр. 11/2025ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ-ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА – ЛОКАЦИЈА 5ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт. Просторот и урбаната опрема се издава за следната намена:1. Простор и урбана oпpeмa – продажен пункт со намена продажба на храна.Локација: Кеј МакедонијаГрафичкиот приказ со нумеричка ознака на урбана опрема Локација...

Продолжи со читање

Утре на плоштадот „Вангел Наумоски“ книжевен хепенинг и детската театарска претстава „Снежана и нејзиниот принц“

Post Views: 211 Во рамки на проектот Културата расте со децата „За сите деца“ утре на плоштадот „Вангел Наумоски“ ќе се одржи книжевен хепенинг и детска театарска претстава.-Петочна вечер исполнета со култура, фантазија и детска радост! Ве покануваме на две прекрасни случувања за најмладите, на сцената кај плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет), велат организаторите.Од 19:30 часот ќе биде одржан Книжевен хепенинг во рамки на кој ќе можат дечињата да ги запознаат авторите на омилените детски книги, да откријат нови изданија, учествуваат во креативни работилници и да...

Продолжи со читање

Денес го празнуваме Свети Наум Охридски – Чудотворец

Post Views: 220 Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц. Учeник на св. Кирил и на св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици. Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeндeнeс гo украсува тoј брeг какo штo имeтo на св. Наум ја украсува...

Продолжи со читање

Денес претежно сончево и многу топло

Post Views: 119 Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите во Охрид од 15 до 32 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 9.Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, од денес до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Продолжи со читање

Д-р Асен Шајн е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Охрид

Post Views: 527 ОО на СДСМ Охрид вечерва го објави кандидатот за градоначалник на Општина Охрид – д-р Асен Шајн.–Човек со искуство, човек на кој може секој да се потпре, човек кој ќе ги ислуша грижите на секој еден охриѓанец и кој достојно ќе го претставува својот народ. Д-р Асен Шајн е почитуван доктор, човек и професионалец кој е посветен на грижата за луѓето. Неговата врата, како лекар, но и како личност секогаш била отворена за сите граѓани без разлика на нивниот статус, партија или мислење. Асен Шајн е познат меѓу пријателите и колегите како скромен, одговорен и...

Продолжи со читање

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска Брендан Вард

Post Views: 120 Протоколарна средба денес градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард.На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и за туризмот како и за други области во кои би можело да се оствари соработка.Соговорниците ја потенцираа важноста од културната размена како и можностите за гостување на ирски...

Продолжи со читање

Охриѓанката Данче Наумоска четврт век создава уметничка бајка од бакар

Post Views: 356 25 годишното уметничко творештво со бакар Наумоска ќе го одбележи со јубилејна изложба насловена како „Приказ на животот преку виното“,  која ќе биде отворена во петок, 4ти јули од 19 часот во Гимназијата „Св. Климент Охридски“. Присутните, преку нејзините дела ќе можат да уживаат во една уникатна визуелна приказна за животот претставена низ симболиката на виното, природата и бакарот. Данче Наумоска е единствената жена која создава врвни уметнички дела и накит од бакар. Препознатлива е по уникатната техника  – цртање и боење на бакар. 

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа на „7 ноември“

Post Views: 134 На 01.07.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од 44 годишно лице од охридското село Куратица, излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 60 годишно лице од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Децата од Вевчани се забавуваат во новиот детски забавен парк

Post Views: 228 Вевчани го доби првиот детски забавен парк. Паркот е во строгиот центар на општината и се протега на површина од 200 метри квадратни, направен според сите стандарди – со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.Детскиот забавен парк собиралиште за децата и родителите е реализиран со инвестиција на Владата, средства обезбедени преку првиот повик од т.н. унгарскиот кредит.-Еден од највозбудливите проекти што ги реализиравме скоро е детскиот забавен парк што мене ми е посебно драго бидејки е на барање на најмладите вевчанци. Тоа е...

Продолжи со читање

Утре започнува со работа летниот базен

Post Views: 156 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека летниот базен официјално ќе започне со работа утре, четврток, на 3 јули 2025 година, со почеток во 09:00 часот.

Продолжи со читање

Граѓаните ќе може да пријавуваат неправилности во здравството на веб-страната на Министерството

Post Views: 255 Министерството за здравство сака да слушне за негативните искуства на граѓаните со здравствениот систем. Граѓаните можат секоја забелешка, жалба или злоупотреба во болниците да ја пријават на веб страницата на Министерството.Пријавувањето е анонимно, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. Постои можност кон пријавата да се приложат и фотографии и документи како докази.За ваквата новина информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу на брифинг...

Продолжи со читање

Екстремно среќен ден за турски параглајдерист на Галичица

Post Views: 130 Вчера околу 16:30 часот, до оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид (ПСС) бил упатен повик за помош од вработен во НП Галичица. На наплатниот пункт „Дервен“ лице од Турција пријавило дека негов пријател – параглајдерист – принудно слетал во околината на врвот Магаро и му е потребна евакуација.По брза координација и утврдување на точната локација, параглајдеристот бил лоциран на тешко пристапниот и карпест дел, на западната страна од планината.Несреќата се случила околу 16:00 часот, кога, од засега непознати причини, пилотот...

Продолжи со читање