Автор: инфодеск
Post Views: 84 Благо намалување на бројот на евидентирани жртви на семејно насилство. За 4.3 % помал број на пријавено насилство во домот во 2022 година во однос на претходната, на територијата на целата држава. Но бројките се се’ уште високи, така според податоците на 30те центри за социјалнa работa во Македонија, најголемиот број од евидентираните жртви се жени додека најголем број од пријавените сторители се мажи, изјави денеска Јованка Тренческа, Министерска за труд и социјална политика.„Споредбено со 2021 година, кога беа евидентирани 1608 жртви постои намалување...
Се подготвува новиот закон за работни односи
Post Views: 44 Се подготвува нов закон за работни односи. Нацрт верзијата деновиве ја минува фазата на јавните расправи. Новите законски одредби предвидуваат поригорозна казнена политика кон работодавачите за непочитување на работничките права, нотира ресорната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, таа посочи дека со овој документ се воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни.Со оглед на тоа дека пристапот кон непочитувањето беше...
23 годишник со возило удрил во двајца пешаци во Струга
Post Views: 44 На 23.01.2023 околу 19:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од струшкото село Франгово, удрило во пешаците Т.Ш,(64) и В.Ш.(60), двајцата од Струга.Во несреќата, Т.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.Ш. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Сообраќајка кај Врбјани, повредени две лица
Post Views: 49 На 23.01.2023 околу 09:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила „форд” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(44) од Скопје и „даеву” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(66) од Кичево.Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид...
Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца
Post Views: 65 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При сообраќајна контрола, извршена на 21.12.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето возило. Притоа, било констатирано дека тој не поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Одржан вториот дел од школата за ментално здравје
Post Views: 44 На ден 17.01.2023 во Клубот на млади се одржа вториот дел од школата за ментално здравје со нашите врснички едукатори, информираат од Црвен крст Охрид.На истиот 13 волонтери имаа можност да дискутираат и да се запознаат повеќе со следните теми : Емоции и чувства, Возбуда и анксиозност, Тага и депресија, Грижа за себе и другиот.Со оваа школа врсничките едукатори Бојана Котеска и Бојана Костоска завршија со процесот на нивна обука за едукатори на оваа тема и се стекнаа со уверенија за врснички едукатори за ментално здравје како дел од првата...
Свикана дваесет и втората седница
Post Views: 94 Свикана дваесет и втората седница на Советот на Општина Охрид на ден 30.01.2023 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕДУсвојување на Записникот од 19-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на...
Избрана граѓанска организација која координира центар кој згрижува деца со атипичен развој
Post Views: 51 Согласно Јавниот повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид кој згрижува и третира деца со атипичен развој за финансика поддршка се избира Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.Повеќе информации на следниот линк







