Skip to main content

Автор: инфодеск

Горива

Нови цени на горивата

Post Views: 34 Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 денеска останува иста и нема да се менува.Па така, литар еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 83 денари, литар дизел ќе се продава за 84 денари, а бензинот еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари за литар.РКЕ одлучи од полноќ за половина денар да се зголеми и цената на екстра лесното масло за...

Продолжи со читање

Охрид градба езеро

Охриѓанец доби кривична за бесправно градење

Post Views: 49 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа. По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од општина Охрид, било донесено решение за отстранување на нелегалната градба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Град Охрид

И оваа сезона Хрватска ќе го земе стручниот кадар од земјава

Post Views: 45 И оваа сезона Хрватска ќе го „собере” стручниот кадар од хотелско угостителскиот сектор. Јадранското море е дестинација број еден каде квалификуваната работна сила од земјава изминативе неколку сезони добро заработува.Охрид и Струга се соочуваат со недостиг на готвачи, салатери и келнери, кои масовно заминуваат во странство, а угостителите во туристичките центри остануваат без обучениот кадар.Мислам дека секој гледа поголема егзистенција за некој напредок во угостителството. Така што младите се повеќе ја избираат Хрватска. Од Балканот, Хрватска во...

Продолжи со читање

Депонија Струга

Бавна еколошка правда за струшката депонија

Post Views: 51 Бавна еколошка правда. Речиси и по 2 години од поднесување на тужбата против Министерството за животна средина, општина Струга и комуналното претпријатие за струшката дива депонија се уште суштински не започнала расправата за главното тужбено барање. Македонското здружение на млади правници побара преземање итни и неодложни мерки за отстранување на депонијата која има штетно влијание на здравјето и животот на луѓето. По жалбите на тужените, битолска апелација решаваше околу 1 година, по што во ноември го врати предметот во Судот во Струга со објаснување дека има...

Продолжи со читање

Дејвид Гир

Официјално отворање на Касарна Хаб со присуство на 17 амбасадори од ЕУ земји

Post Views: 32 По повод официјално отворање на Касарна Хаб, Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир. Неофицијално отворен уште минатиот јули, Касарна Хаб е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар во регионот – изјави амбасадорот Дејвид Гир. Како дел од проектот Ohrid Go, кофинансиран од Европска унија, а спроведен од Стелар Солушнс во партнерство со општина...

Продолжи со читање

Боксови Куче спасител

Со помош на ПСС изградени боксови за кучињата од клубот Куче Спасител

Post Views: 102 Клубот за потрага по исчезнати лица „КУЧЕ СПАСИТЕЛ” Охрид ја доби досега најголемата помош од страна на Планинската спасителна служба-Црвен Крст Охрид.Со помош на Планинската спасителска служба, изградивме боксови за сместување на клубските кучиња. Со тоа добивме подобри услови за чување на кучињата кои во моментов се обучуваат за потрага по исчезнати лица во планински предели – информираа од „Куче спасител“ на нивната официјална фејсбук страница.твм.мк

Продолжи со читање

Нула отпад

Иднината е утре, а може да биде убава и денес

Post Views: 42 Преку ЕКО ЛИНИЈАТА – 070/236 000 физичките и правните лица можат секој работен ден да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од истиот.Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и фирмите да користат ЕКО ЛИНИЈА. како БЕСПЛАТЕН И БЕЗБЕДЕН сервис за...

Продолжи со читање

Трета зимска школа

Трета зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ во чест на Ацо Шопов

Post Views: 49 Денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија”. Развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи. Стиховите на великанот Ацо Шопов добиваат и нови значења и толкувања преку посветеноста на македонскиот јазик, литература и култура од страна на странските македонисти.Ова се дел од пораките со кои свечено беше отворена Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во...

Продолжи со читање